1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Најпрочуениот син на Хале

Двесте и педесетгодишнината од смртта на големиот германски композитор Георг Фридрих Хендел, неговиот роден град Хале ја одбележува на посебен начин. Имено целата 2009 година е прогласена за година на Хендел.

default

Да се следат автентичните траги на младиот Хендел и неговото семејство во Хале, всушност претставува привлечна варијанта на прошетка низ град вреден да се доживее и сака. Тука е т.н нова резиденција. Таму било работното место на таткото на Хендел. По 30-годишната војна, во 1648 година, градот Хале им припаднал на Прусите како провинција Саксонија и со него владеел Војводата Аугуст фон Заксен-Вајсенфелс.

Händelhaus

Хенделовата куќа во Хале

Европската димензија на Хендел

Од новата резиденција, по неколку минути одење, се стигнува до родната куќа на Хендел - двокатен жолт објект во барокен стил.

Во оваа куќа на 14 април беше отворена трајната изложбена поставка под мотото „Хендел, Европеецот“. Филип Адлунг, директор на Фондацијата „Хенделовата куќа“, вели:

„Ние се откажуваме од хронолошка биографија, која ќе ја раскажуваме, и која би имала карактер на учебник, туку сакаме веднаш на почетокот да ја претставиме европската димензија на Хендел. Затоа во влезниот дел прикажуваме воведен филм, во кој укажуваме на многу станици и патувања на Хендел и што го разликувало него од неговите современици“, вели Адлунг.

Како тежишта се претставени поединечни станици од животот на Хендел.

Deutschland Bildgalerie Händel Festjahr 2009 Partitur Messias

„Хендел како Аркадиец, кој во Италија го доживеал својот пробив, потоа една екстремна промена - Хендел како државен композитор во Англија со своите големи попмезни дела со хорови и конечно, делата од доцната фаза“, истакнува Адлунг.

Драгоцености на новопоставената изложба во Хале, без сомневање треба да бидат оригиналните ракописи на Хендел, позајмени од Англија.

„Тие ќе можат три месеци да се видат тука во Хале. Меѓу нив се наоѓаат цели опери и ораториуми. И за жал, по три месеци мораме да ги вратиме назад. Меѓутоа, најнапред сме радосни што ги имаме тука“, вели директорот на Фондацијата „Хенделова куќа“, Филип Адлунг.

Посетители од целиот свет се слеваат во Хале

Поради нивната скапоцена уникатност, оригиналните ракописи на Хендел ќе бидат презентирани во делот на изложбата наречен „Ризница“.

„Ризницата е целосно замрачена, така што владее една многу таинствена атмосфера. Влегувате во оваа просторија и на местата кои се насочено осветлени ги гледате овие вредни фасцинирачки експонати“, истакнува Адлунг.

Во една друга просторија се создава илузија на барокен театар.

„Посетителот седи тука и има впечаток дека се наоѓа во првиот ред на еден историски театар. И тука се изведуваат оперите на Хендел диригирани од него самиот“ ...

...се разбира, претставен како силуета.

Deutschland Bildgalerie Händel Festjahr 2009

Во Хале во јуни се одржува и традиционалниот фестивал посветен на Хендел. Една од специфичностите е и реткото вино, што се продава исклучиво за време на фестивалот. Станува збор за вино од најстарата позната сорта Гутедел, која расте на лозјето на Хендел.

„Значи добредојдовте на лозјето на Хендел и на здравје“

Токму од 1624 година ова лозје му припаѓало на семејството Хендел. Ова го докажува и оригинален документ. Пред околу 10 години брачната двојка-пензионери Илсе и Хубертус Зомерфелд, повторно го насадија лозјето. Тие годишно полнат околу 600 шишиња од „Хенделовото вино“ и го продаваат исклучиво на фестивалот, кој од дамнешни времиња привлекувал голем број посетители во Хале. Ништо поинаку не е ниту денес.

„За време на фестивалот на Хендел, тука се слеваат не само гости од Хале, туку може сосема оправдано да се каже, од целиот свет“.

Автор: Сабине Вутке / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска