1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Најмодерна технологија на саемот во Хановер

На најголемиот светски индустриски саем повеќе од 6500 хај-тек фирми од 65 земји прикажуваат околу 5000 новитети. Меѓу нив се и електромобилот за трки, како и возило за трки кое се движи со помош на шрафцигер на батерии.

default

Во халата 15 на саемот во Хановер кружи голем сребрен галеб. При замавнувањето со крилата и мрдањето на главата и опашот делува малку грубо. Во вените на овој галеб не тече крв, туку електрична енергија. И тој не се испили од јајце, туку го направија инженерите на „Фесто АГ“, во соработка со познати универзитети и развојни фирми. Семејната фирма „Фесто“ од покраината Баден Виртемберг уште минатата година на саемот во Хановер прикажа роботи направени по урнек на природата.

„Овојпат се насочивме на сребрените галеби, затоа што никој досега не успеа да го одгатне летот на птиците, за енергетски ефективно со летечки роботи толку многу да и‘ се приближи на природата“, објаснува Хајнрих Фронцек од „Фесто АГ“.

Галебот на „Фесто“

Галебот на „Фесто“

Сознанијата добиени при конструкцијата на галебите-роботи би можеле да го направат поефективно и индустриското производство. Недалеку од штандот на „Фесто“, погледот од височините се спушта на земја. Новитет тука е црна плоча, голема приближно „метар на метар“. До неа има модерен бел спортски електромобил на калифорнискиот производител „Тесла“. Таква плоча има и на подот на возилото. Кога тоа ќе помине преку црната плоча на фирмата „СЕВ Еуродрајв“, батериите на возилото се полнат автоматски. Торстен Гецман, од маркетинг-одделението на фирмата, објаснува дека процесот е безопасен, едноставен и плочата тешко може да биде оштетена од вандали. Кога навистина и ќе се применува, Гецман нема одговор, но вели дека се разговара со различни автопроизводители.

Интелигентен робот

Автомобилската индустрија секогаш игра голема улога и за производителот на

Messe Hannover 2011

роботи „Кука“. Нејзиното опоравување помогна и „Кука“ да излезе од кризата. По две години загуби, сега треба повторно да оствари добивка. Претпријатието, за таа цел, на саемот презентира цел спектар производи. Мартин Штреб, задолжен за маркетинг и продажба, покажува еден робот од лесна градба:

„Посебното на роботот е што е многу лесен, па е лесно да се носи. Можете да го поставите насекаде каде што ви е потребен. Освен тоа, има седум подвижни оски, кои се меки и се виткаат затоа што поседуваат интелигенција. Така, со него можете да вршите работи во домаќинството, во лабораторија, но и при монтажа.“

Виртуелни штандови

Со роботот може да се управува дури и со мобилен телефон. И, поради тоа што е лесен и мал, лесно беше и да се донесе во Хановер. Но, што ако некое

Визуелизација во 3Д

Визуелизација во 3Д

претпријатие сака да прикаже машини на саемот кои што се толку големи, што се тешки за транспорт, или кога посетителот сака да ги види машините кои не се донесени на саемот? Решение има Ралф Хајмберг, прв човек на фирмата „ИЦИДО“ (Ај-Си-Ај-Ду):

„Ова што го гледате е комплетен виртуелен саемски штанд.“

Значи, тридимензионална анимација на саемски штанд. Она што најголемиот дел од посетителите го знаат од филмот „Аватар“, сега го користат и претпријатијата. Треба само да се стават 3Д-очила и на платното веќе се појавуваат машини во три димензии. Хајмберг укажува на уште еден момент: со таа техника може да се „навлезе“ и во внатрешноста на машината и да се претстават нејзините предности, на пример, при монтажата или одржувањето.

Автор: Инза Вреде / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска