1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Најмногу Греми-награди за дамите

На доделувањето на „музичките Оскари“ поентираа жените - кантри групата „Лејди Антебелум“ замина со полни раце признанија, најдобра поп-пејачка е Лејди Гага.

default

Во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес синоќа се одржа 53-тото доделување на Греми-наградите. Канадската рок група „Аркејд фајр“ е добитник на Греми наградата за албум на годината за „The Suburbs“. Кантри-триото „Лејди Антебелум“ си замина со полни раце од овогодинешната церемонија на доделување на музичките „Оскари“. Американската кантри група доби Греми награда за најдобар сингл и песна на годината со „Need you now“. Лејди Гага освои Греми награди за најдобар женски поп вокал со песната „Bad Romance“ и најдобар поп албум за „The Fame monster“.

Grammy Awards Los Angeles 2011 Flash-Galerie

Лејди Гага во центарот на вниманието

Греми наградата за најдобар машки поп вокал ја доби Бруно Марс за песната „Just the way you are“. Францускиот диџеј Дејвид Гета втора година по ред е добитник на Греми награда за најдобар ремикс за песната од Мадона „Риволвр“.

Греми награди беа доделени во вкупно 109 категории.

Церемонијата започна со оддавање почит на Арета Френклин. Кралицата на соул музиката се појави за првпат на националната телевизија по заздравувањето од операцијата.

Лејди Гага повторно беше атракција број еден. Таа на сцената се испили од големо јајце. Тоа е само уште еден од екстравагантните костими на 24-годишната пејачка, која на доделувањето на музичките награди во септември се појави облечена во облека од сурово месо.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска