1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најмладиот затвореник од Гвантанамо во Канада

Најмладиот затвореник на Гвантанамо и истовремено последниот од Западот е испратен во неговата татковина Канада. Таму мора да го одлежи остатокот од казната од седум години.

Омар Кадр имаше 15 години, кога во 2002. година беше уапсен во Авганистан и беше пренесен во воениот затвор Гвантанамо на Куба. Таму американската влада ги интернираше осомничените за терор по нападите од 11. септември 2001. Американската војска тогаш уапси „дете војник“, едно канадско момче.

По десет години за денес 26 годишникот оваа драма доживува пресврт. Кадр е пренесен во воената база Трентон, потврди Пентагон. Тој ќе биде интерниран во еден високообезбедуван затвор во провинцијата Онтарио, изјави канадскиот министер за јавна безбедност, Вик Тевс.

Признанието му го отвори патот за Канада

Omar Khadr 2002

Омар Кадр во 2002 година

Дури во 2010. година Канаѓанецот во една постапка на Гванатанамо се произнесе за виновен по сите точки на обвинението, пред се’ за тоа дека со рачна граната во Авганистан убил американски војник. Поради убиство, завера и шпонажа тој доби казна затвор од осум години. Признанието на вината му овозможи и олеснителни околности, односно по една година во американскиот воен затвор, останатите седум години да ги одлежи во неговата татковина.

„Омар Кадр е роден во Канада и е канадски државјанин“, потенцираше Тевс. Затоа има право да биде вратен во Канада, рече министерот.

Префрлувањето на затвореникот од Гвантанамо во Канада е на иницијатива на американската влада. Канадската влада на премиерот Стивен Харпер досега се противеше самата да побара испорака на Кадр, која беше можна уште пред една година. Според канадското право, земјата сега не може да го одбие, изјави Тевс.

Кадр веќе пролетта 2013. година има право да побара условна слобода, појасни неговиот адвокат Џон Норис.