1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најмасовен протест за независност на Каталонија

Милион и пол луѓе се собраа вчера на улиците во Барселона по повод „Денот на Каталонија“, барајќи независност на овој регион. Властите во Мадрид обвинети дека ја вовлекуваат Каталонија во криза.

Медиумите наведуваат дека вчерашниот протест бил најмасовен од историскиот собир во 1977 за автономија на регионот. Политичарите од оваа област сметаат дека нема да биде толку тешка состојбата во регионот, доколку приходите од данокот се поделат рамноправно.

„Каталонскиот народ одговори величенствено“ на повикот, рече Карме Форсадел, претседателка на едно од здруженијата кои ја организираа оваа манифестација за барање независност. Демонстрантите мавтаа со црвено-жолти каталонски знамиња, ја отпеаја каталонската химна и се прошетаа од центарот на градот до регионалниот парламент. Каталонската полиција процени дека на улица излегле 1,5 милиони демонстранти. Централната влада во Мадрид излезе со помали бројки – 600.000.

Spanien Unabhängigkeit Katalonien

Каталонците протестираа со црвено-жолти знамиња и ја свиреа својата химна

„Ова е удар за владата. Луѓето како мене дојдоа од секаде. Јас мислам дека тие не очекуваа нешто толку големо“, вели 53-годишната Тереза Кабанес, која дојде од околината на Барселона за да учествува на протестот.

Жителите излегоа на улица со цели семејства и со пријателите, а меѓу нив беа и политичарите, кои побараа нова европска држава – независна Каталонија. Таквите барања се поттикнати од зголемената невработеност и финансиската конфузија. „Не за четврти Рајх“, „не за Европа“, „Независност сега“ и „Каталонија, новата европска држава“, беа дел од слоганите извикани на протестот. Регионот опфаќа 15 проценти од шпанската популација и 20 проценти од нејзината економија.

Маршот заврши мирно и никој не беше приведен. Вчерашните протести го одбележаа денот кога во 1714-та година шпанскиот крал Филип Петти ја покорил Каталонија, по 13 месечна опсада од Барселона.