1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најмалку 93.000 жртви во војната во Сирија

Во сириската граѓанска војна, според Обединетите нации, досега животот го загубиле најмалку 93.000 луѓе. Претставници на светската организација бараат поголема помош од Германија.

Обединетите нации поднесоа нов биланс за жртвите од војната во Сирија. Според светската организација од избувнувањето на бунтот против властодржецот Башар ел Асад на средината на март 2011 година убиени биле најмалку 93.000 луѓе. Ова е „минималниот број на жртви“, изјави високата комесарката за човекови права на ОН, Нави Пилај (на насловната фотографија)во Женева. Организациите за човекови права веќе извесен период говорат дека во Сирија животот го загубиле 94.000 луѓе. Секој месец во меѓувреме се регистрираат меѓу 5.000 и 6.000 смртни жртви, се вели од Женева.  

Syrien Bürgerkrieg Mehr als 70.000 Tote

Повеќе од 90.000 жртви во војната во Сирија

Повеќето жртви од минатиот ноември се од околината на главниот град Дамаск како и од милионската метропола Алепо. Оваа екстремно висока стапка на смртност ја рефлектира и драматично влошената состојба во земјата, рече Пилај. Таа укажа на тоа дека меѓу смртните жртви има 6.500 деца. Според Пилај постоеле добро докажани случаи за измачување и убиство на деца како и масакар на цели семејства, вклучително и на бебиња.

Координаторката на ОН за итна помош Валери Амос упати молба до Германија за поголема поддршка во сирискиот конфликт. Неопходна е не само хуманитарна помош за бегалците, туку и економска поддршка за Јордан, Турција и Либан, реча Амос за радиото „Дојчландфунк“ во Келн.