1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најмалку 68 загинати во борби во Нигерија

Во дводневните борби меѓу нигериските безбедносни сили и припадници на исламистичка секта се убиени најмалку 68 лица во северна Нигерија, соопштија болнички извори и локалните власти.

default

Запалено возило на нигериските вооружени сили

Вооружените пресметки меѓу членовите на радикалната муслиманска секта Боко Харам и здружените полициски и воени сили на Нигерија продолжуваат. Тие започнаа во четвртокот (22.12) во државите Борно и Јобе, во близина на нигериската граница со Камерун, Чад и Нигер.

Припадниците на сектата Боко Харам минатата година изведоа серија бомбашки напади врз објекти на нигериската влада. Меѓу нив се вбројува и атентатот врз претставништвото на Обединетите нации во главниот град на Нигерија, Абуџа, во август годинава, во кој загинаа 24 лица, како и серијата напади на почетокот на ноември, во која имаше околу 150 загинати.

Боко Харам сака да го воведе строгиот шеријатски закон ширум земјата во која живеат 160 милиони луѓе, како муслимани, така и христијани.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска