1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најмалку 60 загинати во серија напади во Ирак

Бранот насилство во Ирак нема крај - во серија напади во северниот и централниот дел од земјата загинаа најмалку 60 луѓе. Засега никој не ја презеде одговорноста за крвавите дела.

Бран бомбашки напади вчера (10.06) го потресоа централниот и северниот дел на Ирак, во кој беа убиени 61 лице, тврдат полициски и медицински извори.

Најсмртоносниот напад беше изведен во провинцијата Диала, каде три автомобили со експлозиви експлодираа речиси истовремено во близина на зелен пазар во градот Џидајдат ал Шат. Во нападите загинаа 15 лица, а 46 се ранети. Рано попладнето автомобил бомба експлодира крај пазар за риба во багдадското предградие Таџи, убивајќи седум лица и ранувајќи 25.

Во градот Туз Хормато автомобил бомба експлодира пред зајдисонце во близина на пазар, во кој загинаа три лица, а 22 беа ранети.

Синоќа во градот Мосул во серија експлодираа неколку автомобили со експлозиви, убивајќи 29 лица и ранувајќи десетици други. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но вакви усогласени напади со автомобили бомби често изведува ирачката келија на Ал Каеда.

„Ал Каеда стои зад овие терористички напади“, изјави еден од повредените во близина на Таџи, Џудаида ал-Шат за новинската агенција АФП. Сунитската група се обидува со бомбашки напади врз мнозинското шиитско население да „посее верска омраза, иако ние живееме во перфектна хармонија со сунитите“, тврди човекот.

Бројот напади во последните месеци во Ирак се зголемува. Според ОН, само во мај се убиени над илјада лица, а над 2400 се ранети. Толкав број жртви немало уште од 2008 година. Шефот на мисијата на ОН за Ирак во заминување, Мартин Коблер, неодамна предупреди дека Ирак се наоѓа кратко пред експлозија. Земјата моментно е парализирана од политичка криза, а за натамошна нестабилност придонесуваат протестните акции на сунитското малцинство.