1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најмалку 11 загинати во напад во Авганистан

На југот на Авганистан во самоубиствен бомбашки напад загинаа најмалку 11 лица, а повеќе други се повредени. Нападот се случил во центарот на Лашкаргах, главниот град на немирната провинција Хелманд.

default

Местото на самоубиствениот напад

Бомбашот самоубиец според наводи на очевидци се разнел себеси во близина на главната полициска станица во Лашкаргах. Властите соопштија дека најголем дел од загинатите и повредените се полицајци.

„Повредени се 12 лица, од кои деветмина полицајци и тројца цивили“, изјави Дауд Ахмади, портпарол на локалниот гувернер.

Во нападот загинало и едно дете. Авганистанските безбедносни сили месецов ја преземаа одговорноста за безбедноста во Лашкаргах.

Инаку провинцијата Хелманд веќе подолго време е сцена на масивно насилство. Во овој регион досега имаат загинато далеку повеќе странски војници отколку во кој било друг дел на Авганистан. Некои области во Хелманд и натаму се под контрола на талибанските бунтовници, кои беа соборени од власт во Авганистан по операцијата на меѓународните сили предводеи од САД во 2001 година.

Автор: СН/ АТ/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска