1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најмалку шест загинати во нападите во јужен Израел

Вооружените лица кои убија најмалку шест луѓе во серијата напади во јужен Израел дошле од палестинската автономна област -Појасот Газа. Тие преку пустината Синај во Египет се инфилтрирале на израелска територија.

default

Најмалку шест Израелци загинаа, а околу 30 се повредени во координирани терористички напади врз повеќе возила на југот на Израел. Според информации на израелската армија, војниците ги следеле напаѓачите и убиле тројца од нив. Ситуацијата е и натаму непрегледна. Според телевизиски и радио-информации, во близина на одморалиштето Еилат, на Црвеното море, повеќемина терористи отвориле оган врз неколку возила, меѓу кои и еден автобус кој транспортирал војници. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак за нападите ги обвини Палестинците од Појасот Газа.

Висок израелски претставник во меѓувреме соопшти дека напаѓачите дошле од палестинската автономна област -Појасот Газа, кои патувајќи преку пустината Синај во Египет се инфилтрирале на израелска територија.

Автор:ЕМФ/СН/ртр/дв

Редактор: Симе Недевски