1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Најмалиот хотел во светот - атракција во Копенхаген

Хотелот „Централ и кафуле“ има само една соба на првиот кат со површина од 12 квадратни метри. Леиф Тингтвед, кој живее во соседството, прво сакал да отвори кафуле, но се решил тоа да биде хотел.

Копенхаген, главен град на Данска. Квартот Вестербро, од центар на проституција, стана свртувалиште на млади.

Меѓу жителите доминираат млади луѓе, има многу кафулиња. Над „Кафе Централ“ се наоѓа веројатно најмалиот хотел на светот (насловна фотографија).

Лајф Тингтвед дојде на идеја да го преуреди празниот простор на првиот кат - во куќата градена во 1905. година некогаш живеел чевлар, а денес е комплетна хотелска соба.

Kopenhagen im Winter

Копенхаген во зима

„Во светот има многу хотели, можете да платите многу пари, да најдете многу луксузни хотели, но не сакате вистински да преноќувате во нив. Овој овде е, како што велиме во Данска, ’хике‘ - удобно е, топло и убаво е да си овде. Планот беше да создадеме соба што не ќе сакаш да ја напуштиш“, вели Лајф.

Планот се оствари. Откако е отворен хотелот, собата е речиси постојано резервирана - и покрај цената од околу 200 евра за ноќ. Уреден со многу љубов, малиот простор оптимално е искористен.

„Во собата има ајфон, што гостинот може да го користи, да го носи со себе, да повикува такси и слично. Овде одзади има телевизор. Малиов телефон е за долу, за кафе. Ако имаш гости в соба, масата може да се извлече и овде да седи еден, а таму двајца. И, се разбира, ја имаме многу важната работа - минибар, што е исто така многу убаво.“, раскажува сопственикот.

Гостите би требало да се чувствуваат како дома. Иако е тесно, не недостасува ни комплетна бања. Навечер, кога кафулето е затворено, гостите ја имаат на располагање целата куќа.

Kopenhagen Nyhavn

Копенхаген

„Ова е навистина прекрасен хотел, до детал обмислен, интересен и многу индивидуален. Може да се почувствува духот на сопственикот и колку грижливо тој постапувал. Навистина е прекрасно. Речиси е како во бродска кабина. Особено е пријатно ноќе. Овде си поминавме фантастично.“, вели Сутра Гилмор, гостинка во хотелот.

Првобитно Лајф Твингтед сакал во малата куќа да отвори само кафуле. Во таа работа е добро упатен, оти зад аголот има уште едно, поголемо. Во малото кафуле се среќаваат соседите и гостите од хотелот - меѓународен состав. „Минатата недела имавме гости од Канада, Јапонија и Казахстан. Забавно е и вистински интернационално.“

Веројатно најмалиот хотел на светот - оаза во центарот на Копенхаген.