1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најкрвав етнички судир во Кенија досега

Во судирот меѓу две непријателски етнички групи најугоистокот на Кенија, ноќеска (21/22.08) загинаа околу 50 луѓе.

Според наводи на полицијата, во селскиот регион Тана Ривер, борби водат етничките заедници на Покомо и Орма, кои се ривали долго време. Луѓето Орма се занимаваат претежно со сточарство, додека Покомо се земјоделци. Борбите се водат поради пасиштата и ливадите околу реката Тана.

„Ова е страшен настан“, изјави заменикот шеф на полицијата во регионот, Џозеф Китур. Меѓу жртвите има 31 жена, единаесет деца и шестмина мажи. Биле запалени повеќе колиби. Според Китур, првите резултати од истрагата покажуваат дека Покомо нападнале населба на Орма. Пратеникот од тој округ Денсон Мунгатана, изјави дека станува збор за одмазднички акт по убиствата, кражба на стока и пожари во последно време.

Ова е најкрвавиот судир во Кенија во последните четири години, откако по парламентарните избори оваа источноафриканска земја почнаа да ја потресуваат тешки безредија.