1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Најевтината куќа на светот

Индиската индустриска компанија „Тата“, која пред две години го произведе најмалото возило на светот - Нано, наскоро на пазарот ќе понуди монтажна куќа за 720 долари.

Продажбата на најевтиниот автомобил на светот „Нано“ не оди според очекувањата, порад доцнење во испораката и прашања на безбедноста

Продажбата на најевтиниот автомобил на светот „Нано“ не оди според очекувањата, порад доцнење во испораката и прашања на безбедноста

Компанијата „Тата“, за шест до осум месеци, на домашниот пазар ќе понуди куќа Нано, која ќе може да се подигне за една недела, изјави пред новинарите шефот на проектот Сумитеш Дас. Монтажната куќа од 20 метри квадратни ќе биде понудена по цена од 32.000 рупии (509 евра), а ќе биде опремена со врати, прозорци и покрив. Внатрешните ѕидови ќе бидат покриени со јута или со влакна од кокос. Куќата ќе има трајност од 20 години. Куќата Нано е тестирана во државата Западен Бенгал, а ќе биде достапна и во верзија од 30 метри квадратни, со дополнителни опции: соларни панели и веранда. Тата се надева дека ќе ги продава своите куќи на поединци, но и на владите на сојзуните индиски држави, кои се обидуваат да го решат проблемот со покрив над главата на милиони Индијци кои се без свој дом.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски