1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Најдобриот блог спасува животи

Главната награда на Дојче веле за најдобар блог оваа година ја доби страницата Ushahidi.com. Со помош на корисниците, оваа страница изработува географски карти, на пример на подрачјето каде се случила некоја катастрофа.

default

Марк Глазер ја објави одлуката на жирито

Наградите на Дојче веле за најдобар блог, кратко наречени БОБ, се најголемите меѓународни признанија за блогови на веб, подкасти и видеоблогови. Тие се доделуваат секоја година за 11 јазици. Синоќа (15.04.2010) во Берлин беа соопштени годинешните добитници. Главната награда за најдобар блог на веб и‘ припадна на страницата Ushahidi.com. Тоа е на свахили јазик и во превод значи - сведочење. Со помош на корисниците, оваа страница изработува географски карти, на пример на подрачјето кадешто се случила некоја катастрофа. Таквите карти беа интензивно користени во текот на акцијата за спасување на преживеаните во Хаити по тешкиот земјотрес на почетокот на оваа година.

Интерактивна карта за помош на настраданите

Виктор Миклович е пресреќен поради високото признание врачено во Берлин. Тој е еден од луѓето кои работат на развојот на софтверот на страницата Ushahidi.com. Оваа страница нуди бесплатен софтвер и секој може да го коригира, надополнува или менува. По земјотресот во Хаити, корисниците на страницата Ushaidi.com испраќаа смс-пораки и мејлови за тоа каде под урнатините се наоѓаат жртвите на потресот или каква помош им е најпотребна на преживеаните. Така настана интерактивна карта која им помагаше на хуманитарните организации во планирањето и координирањето на помошта во Хаити.

Screenshot der Internetseite blog.ushahidi.com

Страницата на Ushaihidi.com

Габриел Гонзалес е раководител на проектот на Дојче веле за избор на најдобар блог и ја раководеше седницата на жирито: „Тие сметаа - да ова е добар проект, кој може да помогне за спасување луѓе во Хаити, но и во други земји.“

Најдобриот блог го избра 12-члено жири во кое се наоѓаат новинари, но и медиумски теоретичари и блогери од вкупно 11 земји.

Проект на група ентузијасти

Наградениот блог пред две години го започнале ентузијасти од Кенија и тоа за време на големите безредија по претседателските избори. Илјадници луѓе на блогерите тогаш им пишуваа каде се одржуваат борби во моментот, а тие податоци беа

Die Jurysitzung der Bobs

комбинирани со географските карти на кои можеа да се видат локации на демонстрациите, на походите за ограбување, местата кадешто имаше жртви.

За големината на влијанието на Ushahidi.com во меѓувреме зборува и податокот дека во 2009 година преку таа страница беа „следени“ изборите во Мексико и Индија. На страницата постои и светска карта на ширењето на свинскиот грип. Но, Ushahidi.com не се концентрира само на големите катастрофи и непредвидените настани. Во Кенија, преку оваа страница се локализираат и дивите животни во националните паркови.

Автор: Нина Плонка / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска