1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најдено телото на екс-полицаецот убиец

Американската полиција го пронајде телото на екс-полицаецот Кристофер Дорнер, осомничен за убиство на четири лица, по кратката размена на оган, во текот на која дошло до пожар во куќарката во којашто тој се криел.

Одметнатиот поранешен полицаец Кристофер Дорнер, кој изврши серија убиства објавувајќи и‘ „војна на полицијата“ во Лос Анџелес, е убиен по престрелка во планинска викенд населба. Полицијата ја опколи куќарката во населбата Биг Беар (фото горе), каде се претпоставуваше дека е сокриен Дорнер, откако беше откриен од страна на полициска патрола. Дорнер застрела двајца полицајци, убивајќи еден од нив, и потоа, од куќарката, отвори оган кон полицијата со големокалибарска снајперска пушка. Полицијата возврати на истрелите со гранати со солзавец. Во текот на престрелката, во куќарката избуван пожар и таа целосно изгоре, но никој не се обиде да излезе од неа. Локалната полиција соопшти дека во опожарената куќарка е најдено јагленосано тело, за кое се претпоставува дека му припаѓа на Дорнер. Телото е на анализа.

Кристофер Дорнер, поранешен полицаец и резервист на воената морнарица на САД, бил отпуштен пред пет години, поради тоа што поднесол лажна пријава против полицајка дека клоцнала осомничен криминалец. Серијата убиства, Дорнер ги започна на 3 февруари со напад врз Моника Кван, ќерка на полицискиот капетан и адвокат кој го бранел Дорнер за време на процесот за негово отпуштање од полициската служба. Дорнер ги уби Кван и нејзиниот свршеник, а неколку дена подоцна нападна неколку полициски патроли, убивајќи еден полицаец.

USA Los Angeles Fahndung nach Polizistenmörder

Потрагата траеше со денови

Властите на Лос Анџелес понудија милион долари за информација која ќе помогне да се фати одметнатиот убиец, кој во меѓувреме се засолни во планините северно од градот, каде веројатно провалил во викенд куќа и како заложници зел две жени. Во два наврати, трагајќи по Дорнер, полицијата нападна граѓани кои возеле возила слични на џипот на бегалецот, притоа ранувајќи вкупно три случајни лица. Потрагата конечно се фокусира на населбата Биг Беар, каде Дорнер во престрелка уби уште еден полицаец, неговата четврта жртва, пред да биде опколен во куќата каде се претпоставува дека е убиен или се самоубил.