1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Најдена куќата каде што биле направени бомбите за нападите во Мадрид

Шпанската полиција, според извештај на радио станицата Кадена СЕР, ја пронашла куќата каде што биле направени бомбите со кои беа изведени нападите во Мадрид на 11 март.

Свеќи за жртвите од нападите во Мадрид

Свеќи за жртвите од нападите во Мадрид

Во Хенарес, на 30 километри северо-источно од главниот град на Шпанија, истрагата пронашла фитили и траги од експлозив, употребени за време на терористичките напади, јави радиото. Според наводи на француски приватен детектив, зад нападите стои Јорданецот Абу Мусаб ел Саркави. Нему му се префрлаат врски со Ал Каеда, а освен тоа постои сомневање и дека тој во Ирак има изградено терористичка мрежа. Шпанското министерство за внатрешни работи не сакаше да ги коментира ваквите наводи. Оттаму само кусо се изјавува дека сега истрагата се наоѓа во критична фаза.

Во Шпанија досега се уапсени 18 лица во врска со нападите, главно Мароканци. Против 12-мина од нив се подигнати обвиненија. Шестмина се обвинети за масовно убиство и припаѓање на терористички организации, а против шестмина има обвиненија за пружање помош. Како главен осомничен важи Мароканецот Џамал Зугам, кој според истрагата, одржувал врски со келија на Ал Каеда во Шпанија.

И во Германија се води истражна постапка против еден 28 годишен Мароканец. Во Дармштад е претресен станот каде што лицето престојувало. Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Фриц Беренс, ја потврди информацијата дека уапсениот Мароканец бил само кусо време во Германија. Пред новинарите во Диселдорф, Беренс изјави:

”Очигледно тој престојувал кусо време во Германија и завчера е уапсен во Шпанија.”

Уапсениот во Дармштад се наоѓал во октомври 2003 година, каде запишал студии по електротехника.

Две недели по нападите во Мадрид, и во Мароко се изведени први апсења. Според портпарол на владата, уапсени се неколку лица на север од Мароко.