1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Најголем скандал во историјата на француската берза

Претседателот, Саркози тврди дека измамата во банката „Сосиете Женерал“ не го погодува стабилниот француски банкарски систем. Истражните органи не веруваат во официјалната верзија на банката.

default

„Сосиете Женерал“ во Париз

За само неколку часа името и портретот на најголемиот финансиски „измамник“ во историјата на светските берзи, Жером Кервиел стана едно од најпознатите во светот. Ништо необично, ако се знае дека овој триесет и едно годишен Французин е обвинет од банката „Сосиете Женерал„ дека ја предизвикал огромната загуба од 4,9 милијарди евра.

Првиот човек на “Сосиете Женерал“, Даниел Бутон, го споредува виновникот со „терорист“, но никој денес не знае каде тој се наоѓа. „Сакам да ви назначам, дека тој не е во бегство и стои на располагање на правдата“, вели пред телевизиските камери Елизабет Мејер, адвокатот на Кервиел.

Измамникот имал добра обука

Очигледно Кервиел добро ги познавал и избегнал контролите на финансиските трансакции, бидејќи за тоа и бил обучуван. Андре Тиран, доајенот на Економскиот факултет од Лион, каде Кервиел дипломирал на Мастер по економија, објаснува: „Знаете тоа е како некој кој го има занаетот на бравар и станува крадец. Ако има одлична обука на бравар за него ќе биде поедноставно да краде.“

Претпазливост на истрагата

Истражните органи се претпазливи, бидејќи Кервиел бил платен од „Сосиете Женерал“ да купува и продава финансиски производи, за кои секогаш постои ризик да се загубат вложените пари. Затоа ретки се оние кои веруваат дека еден сам човек можел да загуби толку многу пари на финансискиот пазар. Имено за „Сосиете Женерал“ загуби околу 5 милијарди евра, во влог биле ставени рекордните 50 милијарди.

„Има толку многу и добро направени контроли во француските претпријатија, што изгледа неверојатно само едно лице да биде одговорно за толку голем влог“, смета Жил Боаје од финанската фирма, „Глобар Еките“.

„Измамникот“ не се збогатил лично

Откако бил откриен „проблемот“, раководството на „Сосиете Женерал“ заедно со „виновникот“ работеле на подготовка на „сценарио“, кое според некои финансиски експерти е направено со цел да се прикријат колосалните загуби на банката на американскиот хипотекарски пазар, каде официјално загубила уште околу 2 милијарди евра. Кервиел заедно со своите претпоставени и раководството на банката целиот минат викенд работеа на спасувањето на тоа што можеше да се спаси од влогот. Планот бил да се продадат купените акции од нивниот агент. Затоа, спектакуларниот пад на берзите во Европа во понеделникот, некои, веднаш го поврзаа со измамата. Интересно е дека „измамникот“ не се збогатил лично.

Société Générale Jerome Kerviel Briefkasten

Поштенското сандаче на Кервиел

Францускиот премиер, Франсоа Фијон, кој побара од министерот за економија да изготви извештај за осум дена за да се дознае вистината, вели дека за проблемот бил запознат во средата, односно четири дена по откривањето на аферата: „Таа е приватна банка и како таква нема такви обврски. Но, од друга страна, аферата има толку многу големо значење за францускиот финансиски систем, што владата можеше да биде запозната порано“ , вели Фијон.

Малите акционери на „Сосиете Женерал“ веќе поднесоа тужби за да ја дознаат целата вистина за аферата.