1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Најголем одзив во Берлин!

Во Германија, на трите избирачки места, неофицијално, гласале меѓу 50 и 75 проценти од пријавените избирачи. Гласачките места беа отворени и затворени навреме.

default

Во Берлин гласаа 69,6 проценти од запишаните

Во Берлин, од 218 пријавени избирачи, на гласање излегле 165 македонски иселеници, додека според неофицијалните резултати, во Бон и Минхен гласале 86, односно 87 избирачи, односно над 50 проценти од пријавените гласачи.

„Проблеми некои немаше, освен тоа што кај одредени гласачи кои што се јавија, имаше пропуст во избирачкиот список. Не беа внесени во избирачкиот список. Тие велеа дека наводно се пријавиле, но колку е тоа точно, немаме податоци дека она што кажуваат е навистина веродостојно. Тие не гласаа зашто има толку гласачки ливчиња колку што има лица на избирачкиот список. Значи бројот на избирачкиот список со бројот на гласачките ливчиња треба да се совпадне“, изјави Лиле Милинг, претседател на избирачкиот одбор во Берлин. Големиот процент гласачи во Берлин во текот на попладнето (04.06) се должи и на

Mazedonische Diaspora wählt in Deutschland

организираното пристигнување на Македонците од Хановер и Хамбург.

Трите избирачки места - Берлин, Минхен и Бон беа отворени утринава (04.06) во 7, а затворени во 19 часот. По пребројувањето на гласовите, составувањето записници и информирањето на ДИК за текот на гласањето, гласачките ливчиња ќе бидат спакувани, запечатени и ќе преноќат во дипломатско-конзуларните претставништва. Во вид на дипломатска пошта со доверлив карактер, утре изутрина ќе бидат пренесени од службени лица на дипломатско-конзуларните претставништва до аеродромите, а оттаму, првите луѓе на изборните одбори кои ќе бидат своевидни курири, ќе ги пренесат директно до Државната изборна комисија во Скопје.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM