1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најголеми нуклеарни несреќи

Историјата на користење на атомската енергија е полна со помали и поголеми инциденти. Некои од нив се посебно драматични. Кои се најголемите несреќи кои во дел го променија ставот кон нуклеарната енергија?

default

Поглед од воздух на разурнатиот реактор во Чернобил

Април 1986 година

Најтешката нуклеарна катастрофа во историјата се случи во украински Чернобил, тогаш дел од Советскиот Сојуз. Во експлозијата на графитниот реактор на лице место загинаа 32 лица. Во годините и децениите што следуваа од последиците на хаваријата загинаа илјадници луѓе. Околу 120 илјади лица мораа засекогаш да ги напуштат своите домови кои беа озрачени и се најдоа во рамките на новата забранета зона. Ветровите и облаците го разнесоа радиоактивниот материјал и во други делови на Европа.

Tschernobyl - Denkmal für die Feuerwehr

Споменик на пожарникарите кои загинаа во гаснењето на пожарот во реакторот во Чернобил

Март 1979 година

Најголемата атомска несреќа на територијата на САД се случи во нуклеарката Острово Три Милји, во Херисбург, во сојузната држава Пенсилванија. Радиоактивни облаци тогаш беа регистрирани и на неколку стотици километри од местото на несреќата. Повеќе од 200 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.


Октомври 1957 година

Во една нуклеарна централа кај местото Виндскејл во Велика Британија одеднаш изби пожар во реакторот кој служел за производство на плутониум. Радиоактивните гасови контаминирале подрачје со површина од неколку стотици квадратни километри. Од последиците на хаваријата загинале најмалку 39 лица.

Август 1957 година

Светот за една од најголемите нуклеарни катастрофи дозна неколку години по нејзиното случување. Во советската фабрика за плутониум Мајак експлодираше подземен магацин со течен радиоактивен отпад. Најмалку 1000 лица загинаа, а повеќе од 10 илјади дојдоа во контакт со радиоактивен материјал.

До денес нема јасни информации за размерите на несреќата. Озрачено е подрачје од околу 12 илјади квадратни километри. Еден советски научник кој емигрираше во странство, во 1976 година ја откри тајната за несреќата. Сепак, Москва официјално ја призна дури во 1990 година.

Автор:СН/ЕМФ/дпа

Редактор:Елизабета Милошевска Фиданоска