1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најголема забава под отворено небо

Повеќе од милион Берлинчани и гости новата година традиционално ја дочекаа со пенливо вино, музика и огномет пред Бранденбуршката капија. Годинава тоа се случуваше по јубилеен дваесетти пат.

default

Незапаметен огномет во Берлин

Здравје, среќа, успех! Ова се желбите кои си ги посакаа над еден милион Берлинчани и гости на престолнината кои до зората учествуваа на најголемата новогодишна забава и отворено диско во Германија. На два километри долгиот простор меѓу Бранденбуршката порта и Столбот на победата уште од 18 часот пристигнаа сите оние кои сакаа токму тука, по дваесетти пат под ведро небо, да ја пречекаат новата година која е јубилејна и за Берлин и за обедниета Германија.

Точно на полноќ, по одбројувањето небото го осветли најубавиот огномет во златни и сите бои од виножитотот, придрижен со песната на Луис Армстрог “Колку убав свет”. Со пенливо бело вино, на седум осум степени под нулата, пред дваесетте бини и во осумте големи шатори танцуваа и стари и млади, Берлинчани и гости од Германија, од Европа, од цел свет.

Christian und Simon Decher feiern den Beginn des Jahres 2005 am Samstag, 1. Januar 2005, vor dem Brandenburger Tor in Berlin

Луѓето си посакуваа многу љубов, здравје и среќа

Што очекуваат обичните луѓе во новата година?

„Посакувам тешката година која е пред нас да придонесе повеќе да размислуваме за егзистенцијалните прашања како што се економијата, финансиите, парите, односот кон ресурсите, климата... И сигурен сум дека на кризата треба да се гледа како на шанса!“, вели овој постар господин. Овој млад човек пак, се надева дека ќе успее да си ги заврши зацртаните обврски.И тој има грижи : „Мислам дека на економски план ова ќе биде тешка година. Со оглед на она што се случуваше изминативе години ќе мора на работите да гледаме пореално. Да се реализира она што се мора, а не светот да се стреми кон неостварливи цели.“

Еден од Берлинчани упати и порака до Македонија: „На слушателите на македонската програма на радио Дојче веле им посакувам една добра година во економијата, во решавањето на проблемот со името, во толеранцијата, штедењето. Да се оствари сето ова, но да не се заборават гордоста и радостите”

Повредни лица од петарди

Улиците на германската престолнина до утринава наликуваа на вистинска огнена лилнија.Од петарди беа повредени повеќе од стотина лица, а поради големиот број посетители на новогодишната прослава целиот центар беше блокиран.