1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Најголемата партија во Германија се избирачите кои не гласаат

Граѓаните кои не излегуваат на избори се група која од година во година во Германија станува се‘ поголема. Проблемот на оние што не излегуваат на гласање е толку голем, што веќе им се нуди Партија на неизбирачи.

Дирк Тим, долгогодишен член на СПД, се бори за пратеничко место, а особено важни му се оние што не излегуваат на гласање:

„Одам да гласам зашто знам точно што избирам.“

Вернер Петерс има спротивен став. Тој веќе 30 години не излегува на гласање:

„Не одам на гласање зашто веќе не сакам со својот глас да му давам легитимитет на овој систем.“

Двајцата се борат за граѓаните кои се уморни од политика - група која од избори до избори станува се‘ поголема .

Проблемот на оние што не излегуваат на гласање, во меѓувреме, е толку голем, што веќе им се нуди Партија на неизбирачи. На прв поглед изгледа контроверзно, но укажува на далекусежен проблем.

Вернер Петерс, претседател на „Партија на неизбирачи“, вели:

„Мислам дека луѓето, особено оние на кои им оди лошо, веќе чувствуваат дека се запоставени од страна на политиката.“

Во разговори со граѓаните на Келн, Петерс се обидува да објасни:

„Зошто го правиме ова? Затоа што сакаме да изградиме свест за неопходноста од нашата програма, за промена на структурите на нашиот систем“.

Werner Peters, Partei der Nichtwähler, aufgenommen am 19.05.2005 in Berlin in der ZDF-Sendung Berlin Mitte. Foto: Karlheinz Schindler +++(c) dpa - Report+++

Вернер Петерс

За политичките факти и теми притоа нема интерес. Најмалку секој трет граѓанин со право на глас во Германија не излегува на избори. Голема безимена маса. Дел од нив објаснуваат:

„Затоа што веќе немам интерес за тоа. Тие и онака прават што сакаат“.

„Нема причина да им давам поддршка и натаму на оние кои повеќе или помалку ме уништуваат.“

Неизбирачите и не се толку непозната маса, тие се предмет на многу истражувања. Повеќето се млади, има повеќе жени отколку мажи кои не гласаат, повеќето припаѓаат на социјално запоставените општествени групи. Обединети се во верувањето дека нивниот глас нема да предизвика никакви промени, дека политиката владее паралалено, независно од обичниот човек и неговите грижи.

Манфред Гилнер, од институтот „Форса“, препорачува:

„Мора да се зборува разбирливо. Тоа е една од поплаките на неизбирачите. Човек веќе не ја разбира политиката. А, како второ, политичките актери за кои сега се изразува незадоволство, треба повторно на луѓето да им пружат впечаток дека ги слушаат, дека се отворени за грижите и потребите и на обичните луѓе.“

Symbolbild Politikverdrossenheit Logo forsa

Од институтот „Форса“ препорачуваат: Мора да се зборува разбирливо

Ивон Шрот од истражувачката група „Избори“, потенцира:

„Се разбира, профитираат оние партии кои ќе успеат зад себе да ги обединат своите избирачи, кои ќе успеат да ги мобилизираат своите избирачи, а тоа во моментов, при кампања која нема динамика, е случај главно со Унијата и Зелените. На изборите во 2009 година, кога имаше низок одзив, штети претрпе пред се‘ СПД.“

Колку повеќе луѓе излегуваат на избори, толку се шансите на СПД поголеми. Тоа другарите го знаат и навреме почнуваат со кампања „од врата до врата“. Избирачите треба да се мобилизираат на гласање со црвени рози.

„Добар ден. Се викам Дирк Тим. Јас сум кандидат за пратеник на СПД. Би сакал кусо да Ви се претставам и да ви дадам роза...“

Дирк Тим се кандидира во изборната единица Рајн-Ерфт-Крајс 1, во која СПД владееше 40 години. Во 2009 година овде првпат победи Унијата, затоа што одзивот беше низок.

„Грубо кажано, класичниот избирач на ЦДУ, по мисата в црква оди или во кафеанче или на изборно место. Ние мора да ги поттикнеме граѓаните кои работат напорно во текот на неделата, во недела, на викенд, да дојдат на избирачкото место“, вели Дирк Тим.

Дирк Тиман сака да посети 30.000 луѓе во својата изборна единица. Наидува на интерес.

„Кој не гласа прави грешка. Така не може да соодлучува за она што подоцна можеби може да се случи или што нема да се случи“, вели граѓанин кој го слуша она што има да го каже кандидатот на СПД.

Сепак, за претстојните парламентарни избори институтите за истражување на јавното мислење предвидуваат нов негативен рекорд, односно одзив на изборите под 70%.