1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Најголемата кинеска инвестиција во Европа

Кинеските претпријатија се искачија до второто место (први се американските) на листата на странски инвеститори во Германија. Сега кај Келн е отворена фабрика за градежни машини, најголема кинеска инвестиција во Европа.

Фабриката во Бедбург

Фабриката во Бедбург

Андреас Харле е раководител на тим во производството во фабриката што кинеската фирма „Сани“ ја отвори во малото гратче Бедбург кај Келн:

„Челичните делови доаѓаат од Кина, кај нас минуваат низ контрола на квалитетот и потоа одат во производство“, објаснува Харле.

Производствената линија во Бедбург е најголемата инвестиција на едно кинеско претпријатие во Европа. „Сани“ е производител на градежни машини од кинеската провинција Хунан и во фабриката во Германија инвестираше 35 милиони евра. Се планира изградба и на други хали, како и на оддел за истражување и развој. Претседателот на „Сани“, Лианг Венген, ветува дека фирмата ќе инвестира во Германија повеќе од 100 милиони евра:

„Ако успееме да ги искомбинираме предностите во делот на трошоците, што ги има Кина, и предностите во квалитетот, што ги нуди Германија, тогаш ќе бидеме непобедливи.“

Скромен почеток на третиот најбогат Кинез

Лианг Венген го сметаат за еден од најуспешните претприемачи во Кина. „Сани“ почна како мала фабрика за делови за заварување, во 1989 година, а денес е

Дали „Сани“ навистина ќе опстои на германскиот пазар ќе зависи од тоа дали ќе ги исполни барањата на европските градежни фирми за квалитет

Дали „Сани“ навистина ќе опстои на германскиот пазар ќе зависи од тоа дали ќе ги исполни барањата на европските градежни фирми за квалитет

најголем производител на градежни машини во светот. Американското списание „Форбс“ проценува дека Лианг е трет најбогат човек во Кина. Оттука и неговиот настап во Германија е соодветно самоуверен:

„Што се однесува до конкурентноста и финансиската сила, стоиме доста добро. Само годинава постигнавме добивка од 2 милијарди евра добивка пред оданочување, што значи дека сега можеме да инвестираме многу пари во истражувања и развој.“

Кинеските претпријатија во последните години станаа втора по големина група странски инвеститори во Германија, но толку многу пари одеднаш, како „Сани“ во Германија, досега во Европа не инвестирала ниту една кинеска фирма. Затоа во браншата со многу внимание се следи инвестицијата на „Сани“, вели Паул Дедер од стручното списание „Бау праксис цајтунг“:

„Ова е вистинско време за старт овде. Во кризата имаше намалување на обртот од 40, 50 проценти, а во меѓувреме стоиме толку добро, што производителите не можат да стигнат да одговорат на порачките, затоа што недостигаат делови. Побарувачката ја надмина понудата и затоа ’Сани’ доаѓа во вистинско време.“

Исполнети барања - сигурен опстанок

Дали „Сани“ навистина ќе опстои на германскиот пазар ќе зависи од тоа дали ќе ги исполни барањата на европските градежни фирми за квалитет. Затоа претпријатието кај критичните делови се потпира врз реномирани домашни

Лианг Венген

Лианг Венген

лиферанти. Цевките за бетонски пумпи, на пример, ги испорачува германската фирма „Есер“. Нивните цевоводи се исклучително отпорни и затоа се и исклучително скапи. Инвестицијата на „Сани“, во секој случај, е шанса за неговата фирма вели Аберт Даниелс, раководител на „Есер“:

„Ако Кинезите ги вградуваат нашите цевки во своите пумпи за на тој начин да ги направат пумпите поквалитетни, тогаш ќе го зголемат притисокот врз останатите конкуренти и тие исто така да ставаат такви цевки ако сакаат да останат во конкуренција, така што ние ќе бидеме веројатно во добивка.“

Даниелс се надева дека „Сани“ долгорочно ќе се увери оти и за кинескиот пазар се исплатува вградувањето скапи цевки од Германија.

Автор: Матијас Белингер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски