1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Највозбудливи избори со децении

Во Велика Британија денеска (06.05.10) се одржуваат, според многумина експерти, досега највозбудливите парламентарни избори во последните неколку децении. Прогнозите за можниот исход се ретки.

default

Дејвид Камерон (лево); Ник Клег (средина) и Гордон Браун (десно) по ТВ-дуелот

Професорот Џастин Фишер, политиколог на Брунел-универзитетот во Лондон проценува: „Мислам дека за конзервативците ќе биде многу тешко да освојат апсолутно мнозинство, пред се‘ затоа што за такво нешто треба да придобијат премногу нови пратенички места - вкупно 116, а само за да се добие апсолутно мнозинство од еден глас. Тоа, за конзервативците, според мое мислење, е премногу на овие избори.“

По големиот број скандали околу донации и трошоци за

Britischer Politologe Professor Justin Fisher

Професор Џастин Фишер

репрезентација, многу избирачи од двете големи партии се разочарани. Во последните недели, на популарност доби трета партија - либерал-демократите на Ник Клег. Тие наново ги измеша картите пред изборите.

Пат-ситуација?

Истражувањата на јавното мислење варираат многу малку. Ова е првпат, по повеќе децении, во Велика Британија да има можност за пат-ситуација.

„Во времето на првата телевизиска дебата меѓу партиските лидери, поддршката за либералните демократи се зголеми многу, но речиси и да нема шанса тие да состават влада, поради нашиот изборен систем. Сепак, стана многу неверојатно и една од другите две партии да добие апсолутно мнозинство, токму затоа што многумина велат дека ќе гласаат за либералните демократи.“

Прашање е дали тие и навистина тоа ќе го сторат, оценува експертот. Причините зошто и покрај омиленоста на Клег и неговата партија, тие сепак, имаат одвај шанси да добијат соодветен број места во парламентот, Фишер ги објаснува вака: „Има 650 места, што во принцип значи 650 единечни избори. Тоа може да се спореди со фудбалски натпревар. Екипата може да победи со 1:0, 2:0 или 3:0, но сепак за победата добива секогаш три бода. Проблемот на либерал-демократите е што победуваат на премал број натпревари, и покрај тоа што даваат многу голови.“

Karte Großbritannien Englisch

Се зголемуваат шансите на „малите“

Глас за либерал-демократите во изборна единица каде кандидатот на таа партија нема шанси, важи за подарен глас. Затоа, Фишер верува дека многумина избирачи, на кои им се допаѓаат Клег и неговата партија, до изборите ќе го сменат ставот.

„Ако се случи пат-ситуација, во која ниту една партија нема мнозинство, малите партии добиваат повеќе моќ. Тоа се шкотските националисти и оние во Велс, но и северноирските партии. Има многу ситни риби кои се обидуваат да добијат отстапки за возврат за поддршка за една од големите партии“, оценува Еберхард Борт, професор по политика на Универзитетот Единбург.

Џастин Фишер смета дека шансите на малите партии да добијат збор при составувањето на владата зависат пред се‘ од тоа колку конзервативците или лабуристите ќе бидат блиску до мнозинство. Доколку на големата партија и‘ недостигаат многу места, тогаш ќе мора да ја добие поддршката на либерал-демократите. Доколку недостигаат малку места, тогаш ќе биде претпочитан договор со малите партии. Затоа, за многумина овие избори се највозбудливите во последните децении.

Автор: Ирене Квајле / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска