1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Највисок рудник за дијаманти во светот

Земјите од групата произведувачи на дијаманти се побогати за уште една членка. Со симболично кревање во воздух на една карпа, кралот на Лесото, Летси Трети деновиве го пушти во погон највисокиот рудник за дијаманти во светот на надморска височина од 3 илјади 150 метри во местото Летсенг.

Дијамантите од Лесото меѓу најскапите на пазарот во Антверпен

Дијамантите од Лесото меѓу најскапите на пазарот во Антверпен

Всушност станува збор за повторно отворање. Водечката светска фирма Де Бер го затвори рудникот во 1982 година. Освен тоа повод беа и последиците од зголемената автоматизација во рудниците во Јужна Африка, па ефтината работна сила од Лесото веќе не беше потребна. Благодарение на програмата за поддршка на Европската унија, во Лесото се отворени нови работни места за околу 50 илјади луѓе во текстилната индустрија, но земјата својата иднина ја гледа во индустријата за дијаманти.

“Дајмандс ин д скај“ е мотото на овој рудник во Лесото со кој ова ужасно сиромашно планинско кралство на листата на производители застанува пред Белгија. Копот е релативно мал, но многу атрактивен. Јужноафриканскиот инвеститор Брет Кебле вели:

О-Тон кебле

“Рудникот Летсенг не е голем, но произведува некои од наголемите и најчистите дијаманти во светот. Дури и ако ископот е мал, приходите, поради квалитетот, се многу високи“.

Две третини од дијамнатите светкаат во кристално чиста бела боја што на аукциите достигнуваат највисоки цени. Дијамнатите од рудникот Летсен во Антверпен достигнуваат сензационални цени меѓу 10 и 16 илјади долари. Среќниците во 1964 година го открија прочуениот “Лесото браун“, дијамант од 600 карати. Неколку дена по новото отворање беше откриен дијамант од 123 карати вреден околу два милиона евра.

Никаде во светот не се наоѓаат толку многу камења од преку 10 карати како во овој рудник, па инвестицџијата од 27 милиони евра се очекува да се врати уште во првата година. Рудникот Летсенг денес е џоинт-венчр фирма која се смета за модел на фер соработка. Државата Лесото добива 24 проценти, мнозинскиот јужно-африкански конзорциум 38, мешовитиот концерн ЏИСИАЈ кој го иницираше проектот, 30 насто. Сето ова претставува голема надеж за Лесото, во кое наскоро ќе бидат отворени уште два рудника, како што вели министерот за надворешни работи Монајане Молелеки, кој до неодамна беше министер за рудни богатства:

О-Тон Молелелки

"Следниот рудник ќе биде отворен во наредните три до 4 месеци, а преговорите за отворање на најбогатото наше подрачје со вулкански камења се при крај. Се надевам договорот да биде склучен до крајот на годинава“.

Во рок од десет години производството на дијаманти треба да обезбеди 10 насто од приходите на државата. Во истиот период приходите пер капита во Лесото треба да се удвојат.