1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Најважно е Политковскаја да не падне во заборав

Тоа беше убиство кое преплаши и трогна многумина во Русија и Западна Европа - пред една година, на седми октомври 2006 година, во нејзината зграда во Москва беше убиена новинарката Ана Политковскаја.

default

Ана Политковскаја

Таа за многумина беше пример, но со својата работа стана неомилена кај моќните – Ана Политковската во Русија, со нејзините критички текстови за политиката на Кремљ и ситуацијата во Чеченија важеше за симбол на храброто истражување и слободно новинарство.

По убиството на Ана Политковскаја владееше тага и вџашеност, во Русија и многу други земји ширум светот. Беа организирани манифестации, читања од книгите на Политковскаја со познати личности и насекаде се слушаше само едно – ова убиство мора да бие разјаснето целосно што е можно побргу.

Buchcover Anna Politkowskaja Russisches Tagebuch

Руското раководство прво се обидуваше да го спушти случајот на земја. Претседателот Путин рече дека се разбира оти случајот ќе биде расчистен, но новинарката Политковскаја била незначајна, нејзината смрт на руската влада и‘ наштетила повеќе отколку нејзините текстови. Се чинеше дека долго време нема напредок во истрагата. На крајот на август, рускиот држаевн обвинител, Јуриј Чајка, изненадувачки објави: “Направивме сериозни чекори во случајот со убиството на новинарката Политковскаја.“

Уапсени беа десет осомничени лица. Првите обвиненија требаше да следат набргу, но наместо тоа беа обелоденети голем број грешки. Еден од уапсените офицери на тајната служба наводно немал ништо со случајот, а тројца други од уапсените поради недостиг на докази морале да бидат ослободени. Потоа беше сменет и шефот на истрагата. Ваквиот развој на настаните кај многумина предизвика недоверба и скепса. Сергеј Соколов, главен уредник на весникот ‘Новаја Газета‘ каде што работеше Политковскаја, за Дојче Веле оценува: “Досега истрагата одеше добро. Ми пречи што има сили со посебни интереси кои се обидуваат се‘ да расипат, со тоа што на медиумите им соопштуваат доверливи информации.“

На тој начин, другите осомничени добиваат предупредување. Особено спорна е и тезата на руското правосудство дека вистинските налогодавачи на убиството треба да се бараат во странство и дека се работи за државни непријатели кои сакаат да му наштетат на угледот на Русија.

Се‘ додека трае истрагата во Русија и многу други земји ќе биде преземно се‘ што е можно за Политковскаја да не паде во заборав. Александар Ткаченко, престедавач на ПЕН центарот во Москва, вели: “Најважно е да се сеќаваме на новинарката која со животот плати за идеите – слобода на новинарството и независно известување.“