1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Најбргу што може директни преговори

Таканаречената посредничка тројка за косовското прашање очекува колку што е можно побргу директни преговори меѓу Србија и Косово.

default

Александае Бочан Харченко и Волфганг Ишингер на состанокот во Виена

Најважниот резултат од новите сондирачки разговори за Косово на таканаречената Tројка со претставниците на Белград и Приштина е: колку што е можно побргу претставниците на двете страни да започнат директни преговори. Ова го соопшти претставникот на Европската унија во тројката, германскиот дипломат Волфганг Ишингер.

Спортивставен ставови во Белград и Приштина

Тој конкретно посочи дека разговорите би можеле да се одржат кон средината на септември по повод почетокот на редовното Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Ишингер уште изјави: - Прашањето за поделба на Косово никогаш не беше на дневен ред на тројката, ниту пак кај некој поединечен член на тројката. Страните во преговорите ја одбиваат таа тема. Тројката се потпира врз принципите на Контакт-групата која исто така одбива поделба на Косово. - потенцираше Ишингер

Согласноста завршува тука. Во Приштина претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу ја повтори познатата позиција: -Уште еднаш подвлекувам дека е многу важно да го потврдиме нашиот став. И во парламентот и меѓу народот е неспорно дека за независноста на Косово не може да се преговара. Територијалната целовитост на Косово е неделива. Планот на Ахтисари е важен и добар.- рече Сејдиу

Тој план предвидува надгледувана независност на Косово, но пропадна поради заканата на Русија со вето во Советот за безбедност. Русите за ова прашање го поддржуваат Белград кој го одбива планот на Ахтисари. Српскиот премиер Воислав Коштуница во Белград изјави: -Планот на Ахтисари е мртов.

Задачата на тројката галси: до 10 декември треба да му поднесе извештај на генералниот секретар на светската организација Бан Ки Мун. Ишингер по разговорите во Виена спомна еден важен детал: -Обете страни се обврзаа да не го торпедираат процесот на тројката, ниту да преземат нешто што би можело да биде провокација.

Според Белград, постои само една провокација: имено еднострано прогласување независност од страна на Приштина. На тоа Белград ќе реагира, изјави Коштуница без да спомне конкретни чекори.