1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Најавени „тврди“ преговори во Њујорк

Посредникот во грчко - македонскиот спор Метју Нимиц треба да оствари официјална средба со македонскиот и грчкиот преговарач. Детали од поединечните средби во Њујорк се’ уште не се познати.

default

Посредникот Метју Нимиц

Специјалниот пратеник на ОН во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, денеска ќе оствари официјална средба со претставниците на Македонија и Грција, Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Станува збор за прва ваква средба по грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт. Според најавите од двете земји повторно се очекуваат „тврди“ преговори - наведуваат новинските агенции.

Детали од поединечните средби не се познати

Метју Нимиц во претходните два дена поединечно разговараше со двајцата амбасадори. Детали од овие средби сеуште не се познати, а исто така не се знае дали посредникот на новата рунда разговори ќе истапи со нов предлог.

Според најавите од Скопје и од Атина нов предлог од Нимиц не се очекува, туку одново да бидат прецизирани позициите на двете страни да бидат разгледани нови идеи за преговарачкиот процес и да се договори скорешна посета на медијаторот Нимиц на Скопје и на Атина.

Можноста за компромис до 9 јули е мала

Денешната средба Нимиц - Василакис - Димитров утринава како што пишува македонската интернет новинска агенција Нет-прес, ја најавил портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос, кој прецизирал дека цел на преговорите е да се најде финално решение за името.

Македонскиот државен врв воочи денешните разговари порача дека е подготвен за компромис, кој не би го повредил правото на самоопределување на Македонија и националниот идентитет. Грчката димпломатија од друга страна преку тамошните медиуми испрати порака дека е мала можноста за постигнување компромис до 9 јули, кога Македонија може да фати приклучок кон Хрватска и Албанија кои на тој ден го потпишуваат протоколот за членство во НАТО.