1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Најавена средба Бакојани-Рајс

На маргините на 63-то Генерално собрание на ОН се прават напори за надминување на спорот околу името. Станува збор можеби за последен обид за решавање на проблемот од страна на актуелната американска администрација.

default

Грчката министерка Дора Бакојани

По низата неофицијални информации, дипломатски извори од Вашингтон потврдуваат дека на маргините на 63-то Генерално собрание на ОН ќе дојде до средба на шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани и државниот секретар на САД Кондолиза Рајс. Регионалната стабилност, Косово, кипарското прашање и пред се’ начините на кои треба да се надмине грчко-македонскиот спор за името се темите за кои ќе се разговара в четврток, на средба којашто не беше дел од официјалната агенда на Бакојани.

Зголемен притисок врз Атина

Фактот што Рајс според последните информации се среќава со грчката колешка, а нејзиниот помошник за Евроазија Даниел Фрид со македонската страна, дипломати од Њујорк го толкуваат како сигурен сигнал дека притисокот од оваа фаза е насочен кон Атина која треба да прифати македонски јазик и нација.

Притоа не се исклучува дека наредниот чекор на најголемиот спонзор на Македонија во меѓународната политика ќе биде насочен кон убедивање и Скопје со добиени гаранции за нацијата и јазикот како суштина за македонскиот идентитет да прифати дел од грчките позиции во делот на географската одредница како замена за референцата ФИРОМ.

Неофицијално се говори за истек на шест месечниот рок, во кој би требало да се најде решение, а кој наводно бил ветен од страна на премиерот Костас Караманлис на американскиот претседател Буш во април во Букурешт.

Грција не отстапува од планот

Извори на грчката 35 члена делегација во Њујорк велат дека без разлика на очигледниот притисок на Вашинготн, Грција не остапува од планот да не попушти по ниедна цена.

На средбата пак што Бакојани ќе ја има со медијаторот Нимиц, нема да биде презентиран грчкиот став за последните идеи на медијаторот. Една од причините за ваквата промена на грчката стратегија се спротивставените пораки кои преку медиумите Грција ги доби од македонскиот претседател и премиер. Грчки аналитичари не ја исклучуваат можноста, македонскиот државен врв да глуми кавга и нестабилност со цел да ги зголеми меѓународните симпатии и да ја влоши позицијата на Грција, особено доколку македонската страна се повлече од времената спогодба што Грција ја прекрши во Букурешт и побара гласање за името во ОН. Дел од таквиот план се смета и неодамнешното признавање на уставното име од страна на Чиле, кое неофицијално било поттикнато од американската дипломатија, а договорено на форумите на Светската организација преку веќе поранешниот претседавач Срѓан Керим.

DW.COM