1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Најавена значителна финансиска помош за земјоделците

Земјоделски површини има, но младите бегаат од руралните средини. Ниските цени и тешките услови на работа се дополнителен аргумент. Владата сега донесе одлука за преземање радикални чекори за подобрување на оваа гранка.

default

Финансиска помош за земјоделците

Првиот попис во аграрот во Република Македонија направен пред еден месец покажа дека во Македонија има над 160 илјади земјоделски семејства. Но селата се запустени, секое четврто село има одвај пет до десет семејства, главно од постари лица. Младите и покрај невработеноста, бегаат од работа и живот во руралните средини.

Временските услови исто така силно влијаат и ги погодуваат земјоделците. Деновиве град, суша и ветрови ги уништија аграрните површини во штипскиот и прилепскиот регион, региони во кои се одгледува тутунот, пиперката и пченица.

Македонските земјоделци се сиромашни и тешко ги осигуруваат своите родови, но и осигурителните компании во државата го одбегнуваат аграрот.

Оваа година проблеми имаат и фармерите, нема сточна храна, а високи се и цените на пченицата. Тренд кој од една страна е добар за земјоделците но лош за сточарите смета и Даниел Паланков, градинар и фармер од Струмица.

Македонската евро интеграција, е шанса и да се влезе во фондовите на Унијата за дополнителни стимулации. Но покрај нив, владата денеска донесе одлука да преземе решителни чекори во областа на аграрот, имено од 3 милиони евра субвенции во последните пет години, во наредните три години треба да се добијат 100 милиони евра помош за земјоделциците, најави македонскиот премиер Никола Груевски.