1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Најава за тројна средба

САД се чини повторно ги земаат уздите в раце на Блискиот исток. Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, која е во регионот, најави тројна средба со израелскиот премиер, Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател, Махмуд Абас.

Кондолиза Рајс кај Хосни Мубарак во Луксор

Кондолиза Рајс кај Хосни Мубарак во Луксор

Наскоро ќе има тројна средба со премиерот Олмерт и претседателот Абас, потврди американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, на почетокот на прес конференцијата во Луксор, Египет, но точен термин за средбата не наведе: “Премиерот Олмерт и претседателот Аабас оваа дискусија не сакаа да ја отворат. Веќе шест години не разговарале за проблемите. Ми се чини разумно да се почне со она што претседателот Абас го нарекува неформална дискусија, значи навистина да се седне и да се разговара.’

Рајс на средбите во Египет освен за конфликтот на Израелците и Палестинците, со египетскиот колега ја разгледала и стратегијата на американскиот претседател, Буш за Ирак. Што се однесува на разговорот на Рајс со египетскиот претседател Мубарак, воден во четири очи, таа оцени дека бил позитивен и дека по прашањето на Ирак мислењата се единствени: “Го делиме ризикот и одговорноста што се однесува до Ирак , зашто ова е еден регион во светот кој е многу погоден од развојот на ситуацијата во Ирак. “

Наспроти бројните критики во изминатите денови против новата стратегија на Буш за Ирак, што можеа да се слушнат во арапските држави, египетскиот министер за надворешни работи, Абул Геит, е оптимист: “Подготвени сме да и дадеме поддршка на американската стратегија , за која се надеваме дека ќе биде спроведена со цел да се постигне неопходната стабилност на Ирак. Се надеваме дека овој план ја зајакнува ирачката влада.“

Арапските држави во кои живеат претежно Сунити, во предвечерјетот на разговорите најавија заеднички став - само доколку САД се ангажираат во израелско-палестинскиот конфликт би можеле да бараат поголема поддршка од Јордан, Египет, Саудиска Арабија и земјите од заливот по прашањето на Ирак.