Најава за нов вооружен напад во училиште во Германија | Вести | DW | 20.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Најава за нов вооружен напад во училиште во Германија

*

Поради стравување од можен вооружен напад денеска е затворено училиште во Карст во близина на германскиот град Дизелдорф. Полицијата соопшти дека, податоците за ова ги добиле од финската полиција која доказите ги пронашла на интернет. Ова следи само неколку дена откако беше осуетен план за сличен напад во училиште во Келн. Двајца ученици сакале да извршат вооружен масакр во училиштето каде учеле, по примерот на оној од пред една година во Емсдетен кога ученик застрела 37 лица во училиште и потоа се самоуби.