1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Наша цел не е Русија

Во Европа извесна возбуда предизвика американската намера да инсталира ракетен одбранбен систем во Полска и Чешка. Командантот на руските стратегиски сили Николај Солознов се закани дека Русија ќе насочи ракети од среден дострел кон тие нови бази. Шефот на рускиот генералштаб Јуриј Балујевски во минатата недела предупреди дека Русија би можела да го напушти договорот за уништување на атомските ракети о

default

д мал и среден дострел.

„Русија не е нашата цел„.

Ова го повторуваа како Даниел Фрид, директор во американското министерство за надворешни работи, така и генерал Хенри Оберинг, шеф на американските ракетни власти, на прес конференција во Вашингтон. Руските реакции многу го изненадиле, изјави Фрид:

„Имаме компликувани односи со Русија. Во некои подрачја работиме заеднички и би сакале таа соработка да се прошири, но во други имаме проблеми. Меѓутоа, САД се во состојба колку што е можно потесно да се соработува со Русија дури и во подрачјата за кои постојат разлики„.

Генерал Оберинг изјави дека постојано ги информираат како сојузниците, така и Русија:

„Јас лично го информирав советот на НАТО, како и советот НАТО – Русија, лично го информирав генерал Балујевски во Москва, се сретнав со генералштабот и со министерот за одбрана Иванов. Им објаснивме што правиме„.

Инаку, причина за тоа да се инсталираат ракети на европско тло е да се штитат сопствените и војниците на алијансата и пријателските земји од можните напади од држави како Иран или Северна Кореја. Оттаму, американскиот ракетен систем за одбрана треба да се посматра како одбрана на Европа. Полска и Чешка се избрани за да се покрие што поголемо подрачје. Притоа, како што изјави генерал Оберинг, можна е заштита и на делови од Русија, но како е реагирано до Москва не рече ништо.