1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Начини да се излезе од сообраќајните метежи

Во најмала рака е иритирачки да се чека воз или да се биде заглавен во сообраќаен метеж. Аналитичарите велат дека се очекува зголемување на волуменот на сообраќајот и се обидуваат да најдат алтернативни концепти.

„Мобилноста е човечко право - мобилноста во никој случај не е синоним на сообраќајот“, вели Удо Бекер, специјалист за сообраќај при Техничкиот универзитет во Дрезден. Терминот мобилност можеби не се појавува во Повелбата за човекови права на ОН, но таа може да произлезе од другите основни одредби. „Мобилноста е 'прикачена' на луѓето, таа е начинот тие да одат на работа, до болница, до ресторант, на кино, во училиште или посетуваат пријател“, додава Бекер.

Сега постои дебата како најдобро да се организира таквата мобилност. Многу е очигледно дека денес многу градови патат од распад на системот на сообраќај. Луѓето кои одат на работа се заглавени во огромни редици на автомобили, залепени еден до друг, затоа што улиците немаат капацитет да ги примат сите автомобили за време на сообраќајниот шпиц. Од друга страна оние кои ќе се решат да го користат јавниот сообраќај, страдаат уште повеќе затоа што тој е обично многу слабо координиран и недоверлив. Одењето на работа на кратки растојанија со велосипед пак често не е сечиј избор. Кој сака да стигне на работа облеан во пот или целосно накиснат од дождот?

Mainz Hauptbahnhof / Deutsche Bahn

Иритираност кога возовите доцнат

Бучава, нечистотија и штетни издувни гасови

Автомобилскиот сообраќај е голем проблем во градовите, а сообраќајниот метеж е само еден дел од проблемот. Бучавата и штетните супстанци кои ги испуштаат автомобилите им штетат на граѓаните, а издувните гасови создаваат ефект на стаклена градина. „Воопшто нема смисла да му се дозволи некому да дојде во градот по само една шолја кафе со тешко товарно возило и нему да му се гарантира паркинг место“, вели Бекер.

Во меѓувреме многу градови во Германија воведоа рестрикции на пристапот кон централните подрачја на градот, за возила кои се големи загадувачи. Како и да е, ограничувањата се однесуваа на само неколку постари возила, што воопшто не го намалува загадувањето. Потрушувачката на гориво не беше земена предвид.

„Дури ни воведувањето на патарина внатре во градот нема да помогне многу. Тоа функционира на краток временски период, како што беше случајот со Сао Паоло, а потоа ефектот престанува. По ваквиот обид повторно се враќате на статус-кво. Подобро е да ги мотивирате луѓето да користат други видови на транспорт“, вели Михаел Шрекенберг.

Michael Schreckenberg Physiker

Михаел Шрекенберг

Бесплатни автобуси и возови

Некои држави веќе остварија напредок. Естонскиот главен град Талин почна на своите граѓани да им нуди бесплатен јавен превоз минатион јануари. Статистиките покажуваат дека во автомобилскиот сообраќај оттогаш е забележан пад од 15%. Сличен проект на овој, во Портланд, Орегон беше прекинат минатата година, бидејќи градот неможеше повеќе да се справи со финасискиот товар. Локалниот јавен транспорт е под субвенции во Германија, но една студија покажа дека цените за јавниот транспорт пораснале повеќе отколку трошоците за возење автомобил. Една млада партија, Пиратите, бараат бесплатен јавен превоз, но ако се има предви дека повеќето градови се во долгови се поставува прашањето: Кој ќе ја плати сметката?

Градот Кемниц пак се соочува со уште еден сериозен проблем, типичен за мало гратче во источна Германија, намалување на популацијата. Тоа пак созадава сосема различен пакет на проблеми. Во Кемниц се размислува за намалување на бројот на улиците наместо за нивно зголемување.

„Тука во Кемниц немаме проблеми со сообраќајни метежи, напротив, размислуваме да ги стесниме улиците во центарот на градот се цел да го направиме попривилечен како место за живеење“, вели Пиа Сач од градската администрација.

Pia Sachs

Пиа Сач

Кампања за подигнување на јавната свест

Во рамки на Европската недела на мобилност, која се одржува низ Европа во средината на септември, градот им го претстави на своите граѓани проектот наречен „Кемниц модел“, кој ги поврзува трамвајските линии со линиите за возови што треба да ја подобри поврзаноста помеѓу градот и урабните средини околу него. Трамваите ќе можат да ги користат шините за возови за влез и излез од градот. Возилата и станиците во поголем дел ќе бидат лесно достапни, што ќе биде од голема помош за сѐ постарата популација во и околу градот. Бекер од друга старан пак бара сосема поинаков пристап. „Луѓето секогаш бараат сѐ да биде поефтино и побрзо, а заборават каква разлика тоа прави во сообраќајот. Подобро развиена сообраќајна структура ќе придонесе сѐ повеќе луѓе да возат до големите супермаркети, а се помалку да купуваат во својот локален маркет. Како резултат на тоа, малите маркети ќе затворат па на крајот сите ќе бидат приморани да возат до големите маркети. На крај се добива зголем сообраќај поради потреба“, додава тој.