1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нацрт резолуција за Косово во Сенатот следната недела

Во американскиот сенат, следната недела во процедура треба да влезе предлог резолуцијата со која се поддржува независност на Косово, јавуваат приштинските медиуми. Според истиот извор, во образложението на четворицата сенатори кои ја предлагаат, стои дека специјалниот пратеник Ахтисари веќе ги разгледал сите можности за компромис и оценил дека понатамошни преговори би биле контрапродуктивни. “Поаѓајќи од тоа сметаме дека независност во постоечките граници е едиснтвеното решение кое би било праведно, економски оддржливи и политички стабилно”, велат сенаторите. Тие барат од САД силно да се заложи во СБ да се донесе резолуција која ќе ги поддржи барањата на Ахтисари.