1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нацистичкиот воен злосторник Прибке е мртов

Поранешниот офицер на СС-трупите, Ерих Прибке, почина 100-годишна возраст во домашен притвор во Италија. Прибке бeше одговорен за стрелање на стотици цивили и до крај не изрази каење за тоа.

Ерих Прибке беше осуден на доживотен затвор поради убиство на 335 цивили во 1944 година, во Ардеатинските јами. Меѓу убиените имало 75 Евреи. Поранешниот офицер на СС-трупите беше уапсен во 1944 година, во Аргентина, каде што се криеше полни 40 години, а една година подоцна беше испорачан на Италија, каде што му беше судено. Поради лошата здравствена состојба во 1999 година му беше дозволено издржување на казната во куќен притвор.

Центарот Визентал во Израел денеска, по објавувањето на веста за смртта на Прибке, побара засилена истрага против се‘ уште живите нацистички воени злосторници.

„Возраста што ја доживеа Прибке не‘ потсетува колку е важно да се пронајдат преостанатите живи злосторници. Многумина нацистички злосторници се во добра здравствена состојба и покрај тоа што имаат прилично голем број години. Тие можат да бидат изведени пред суд и мора да одговараат“, рече директорот на израелскиот оддел на Центарот, Ефраим Зуроф.