1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нацистичка мафија во германските затвори?

Постои ли широко распространета деснорадикална мрежа која оперира во германските казнени установи? Имаат ли затвореници врски со „Националсоцијалистичкото подземје“? Медиумскиите извештаи предизвикуваат загриженост.

Според извештај на весникот „Билд“, во германските затвори низ целата територија на земјата оперира деснорадикална мрежа, а постојат многу веројатно и врски со опкружувањето на неонацистичката илегална организација „Националсоцијалистичко подземје“ (НСУ), чии членови наскоро треба да се најдат пред судот во Минхен. Членови на здружение за помош на затворениците-десни радикали очигледно имале контакт со опкружувањето на НСУ, известува весникот, повикувајќи се на извори од истрагата. Ова е резултат на проверката на доказниот материјал, кој е собран при претресот на затворските келии во затворите во покраината Хесен во изминатите недели.

Организацијата одржувала врски и со други десноекстремистички криминалци, стои во извештајот. Притоа, комуникацијата меѓу членовите се вршела преку писма и скриени пораки во рубриките за мали огласи во весниците. Неонацистите користеле кодови и симболи, кои дури и за експертите биле тешко да се откријат како „деснорадикални“.

Gerichtssaal München Gericht NSU Prozess Zschaepe

Судницата во Минхен каде каде ќе и‘ се суди на Беате Чепе

Министерот за правда на Хесен Јерг-Уве Хан во „Билд“ најавил целосно испитување на прашањето:

„Не сакаме да ја повториме грешката на безбедносните органи во врска со злосторствата на НСУ“.

Во тоа спаѓаат и обидите на кривичните сторители за формирање мрежа и организирани структури во казнено-поправните установи.

„Тоа ќе го спречиме со сите средства кои ни стојат на располагање во правната држава“, истакнува Хан.

Неонацистичката група „Националсоцијалистичко подземје“ е одговорна за убиството на девет лица со турско и грчко потекло и една германска жена-полицаец. Идната недела во Минхен започнува судскиот процес против осомничената членка на НСУ, Беате Чепе и четворица помагачи на деснотерористичката група.