1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Национална жалост во Франција

Зинедин Зидан заминува во пензија. Националниот херој кој ја предводеше фрацуската фудбалска репрезентација до титулите светски и европски шампион , најави дека по Мундијалот во Германија дефинитивно се повлекува од професионалиот фудбал.

default

Тој е без сомнение најомилениот Французин во моментов. И најскапиот фудбалер на сите времиња. Огромниот портрет на Зизу како што од милост го нарекуваат Французите сеуште покрива дел од стадионото Стад де Франс во Париз . Но Зидан кој трипати беше прогласен за најдобар играч во светот , како што најави на француската телевизија не сака повеќе да игра фудбал :

„ Сакам само да кажам дека по Мундијалот ќе се откажам од играњето фудбал“

Со неполни 34 години , тој е преморен , неговото тело не може повеќе – ги објасни Зидан главните причини за оваа одлука . Тој како што кажа не би можел да игра фудбал уште една година,значи до крајот на 2007-ма кога му истекува професионалниот договор со Реал од Мадрид.

Реакциите во неговата татковина се многубројни: вознемиреност , тага , разбирање –речиси никој во Франција не остана рамнодушен на одлуката на Зидан:

„Тој е месија , бог на фудбалот“- вели Томас.

И Даниел кој работи во еден киоск за весници на Шанзелизе гледа тажно во насловната страница на фудбалскиот весник Екип:

„Штета , дека повеќе нема да можеме да го гледаме како игра. Уметник како него е тешко да се заборави. Тој напиша историја , браво

Зидан , син на алжирски доселеник , израсна во предградието на Марсеј , Банлиу . Во овој проблематичен кварт тој сеуште е покровител на еден фудбалски клуб за млади и останува ѕвезда- вели Сала , кој го раководи клубот :

„Тој секогаш се грижеше за својот кварт и го подржуваше. Во меѓувреме , овде има многу други работи освен фудбалот , социјален живот , театар за млади. Но Зидан останува наш идол“

Инаку Зинедин Зидан веќе еднаш најави дека се повлекува од репрезентативниот фудбал . Беше тоа во август 2004-та година . Но сега тој е повторно со триколорите , да помогне тие повторно да блескаат :

„Се надевам дека ќе постигне нешто на Светското првенство , и повторно ќе ни приреди задоволство“

„ Се надевам дека ќе стане светски шампион- Тоа би бил извонреден крај на кариерата“