1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нафтениот бум во Русија би можел да запре?

Државните каси во Кремљ се полни како никогаш до сега. И нафтените концерни во земјата „пливаат во пари“ – нивните сопственици се милионери или милијардери. По Саудиска Арабија Русија е најголемиот извозник на нафта во светот. Но, оваа „идила“ ја наруши едно ново истражување.

Нафтените постројки се застарени

Нафтените постројки се застарени

Како бомба одекна веста дека нафтениот бум во Русија би можел да запре. Но, повикот за освестување на руската Алфа Банка, која е во сопственост на богати нафтени магнати, е реален и основан. Руската нафтена олигархија, во следните годни би можела наместо профит да пресметува загуби, кои може да се движат меѓу 25% и 50%. Прва последица би било пад на вредностите на акциите на нафтените концерни како што се Лукоил, Роснефт, Сибнефт, ТБК и други, што би резултирало во масовна продажба на акции.

Тоа би било новина во размазената руска нафтена бранша. За руските нафтени магнати ниту еден хоризнот не беше далечен, ниту еден зацртан профит неостварлив, ниту еден мерцедес прескап. Но, попрецизен поглед во иднината ги покажува структурните слабости на нафтениот бизнис во земјата. Експлоатацијата на нафта, наскоро би можела да стане непрофитабилна. Таа бара големи вложувања, растат трошоците за оперативно работење, а се случи и несоодветно оданочување на оваа индустриска бранша.

Годишниот стопански раст во нафтениот сектор од 8,5% во 2000 до 2004 година опадна за 2% во текот на изминативе неколку години. Сега се експлоатираат нафтени полиња кои беа отворени за време на Советскиот сојуз и кои мора да се модернизираат. Нови извори на нафта не се отвораат бидејќи не се рентабилни. 45 нови можни извори, по соодветната анализа се прогласени за неадекватни. Во моментов на добивка може да сметаат само оние компании кои имаат рафинерии и мрежа на големи бензински пумпи.

Од друга страна руската држава пак нафтените компании ги оданочува според мотото, нафтата се добива ефтино, а се продава скапо. Тоа е голема грешка, бидејќи со високите даноци за нафта не моќе да се соберат неопходните инвестиции за модернизирање на актуелните постројки и отворање на нови нафтени полиња. Според сегашните параметри, тоа би било рентабилно кога цената на нафтата на светските пазари би достигнала рекордни 100 долари по барел. А тоа потрошувачите разбирливо, не го сакаат. Значи на руската нафтена индустрија, како носечки лост на стопанскиот раст во Русија и полнач на државната каса и претстои голема криза.