1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нафта - Македонија - Косово

Цистерните со нафта на рафинеријата ОКТА од вчеравечер повторно се пропуштаат во Косово. Договорот за повторно пропуштање на цистерните кои на границата беа осум дена го постигнаа косовскиот премиер, Агим Чеку и шефот на УНМИК, Јоаким Рикер. Застојот беше резултат на одлуката на косовската влада за воведување нови стандарди за квалитетот на бензините. Според косовската влада, горивото во цистерните на ОКТА содржело преголемо количество сулфур.