1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нафтата истекува, одговорните се‘ уште се бараат

Борбата против нафтената катастрофа во Мексиканскиот залив станува се’ побезнадежна. Нафтената дамка стигна пред брегот на американската држава Алабама. Потрагата по одговорните продолжува.

default

Еколошка катастрофа

Во САД почна дебатата за обештетување по катастрофата со излеаната нафта во Мексиканскиот залив. Шефот на концернот БП, чија платформа потона во заливот, Ламар Меккеј, на сослушувањето пред истражните комисии на Конгресот во Вашингтон, потврди дека неговото претпријатие ќе исплати обештетување по сите „легитимни“ барања на оштетени претпријатија и приватни лица, но не појасни на какви барања точно притоа мисли.

Поради тоа што властите спиеја...

На сослушувањата, меѓу останатото ќе треба да се најде одговор на прашањето - кој е одговорен за катастрофата? Дали е тоа сопственикот на нафтената платформа,

Ölpest im Golf von Mexiko

Еколошка катастрофа во Мексиканскиот залив

претпријатието „Трансоушн“, операторот „Бритиш петролеум“ или можеби „Халибартон“, фирмата која на изворот ги полнела настанатите шуплини со цемент?

Републиканецот, сенаторот Ричард Шелби е уверен дека до оваа катастрофа немаше да дојде, ако властите не спиеја. Неговиот колега од редовите на демократите Бил Нилсон возвраќа: „Нафтената индустрија премногу долго правеше се’ како што сака.“ Жестока критика е упатена и до одговорните власти. Тие во 2008 година ги либерализирале правилата за операторите на нафтените платформи, затоа „Бритиш петролеум“ не бил обврзан да приложи план за санација во случај на хаварија. Демократот Нилсон подвлекува: „Трагично е што мораше да се случи несреќа како оваа, за конечно да се постапува построго!“

„Сето ова станува лудо“

Соработниците на американската метеоролошка служба од хеликоптер се обидуаат да утврдат на кои траси во Мексиканскиот залив им се заканува да бидат погодени од нафтената дамка, која и натаму се шири. 290 бродови

Ölpest US Stahlkuppel

Неуспешен обид со челична купола

поставуваат пловни пластични бариери за да го заштитат брегот и да ја соберат излеаната нафта. Сето ова станува лудо, признава армирал Тад Ален, командант на крајбрежната стража: „Ветерот целосно оневозможува да се предвиди каде ќе се движи нафтената дамка. Под ваквите временски услови, целиот залив мора да биде подготвен.“

Во истовреме менаџерот на „Бритиш петролеум“ Даг Сатлес уверува: „И натаму работиме на различни решенија, се’ додека не го сопреме истекувањето на нафтата.“ Изминатиов викенд, мораше да биде прекинат обидот да се спушти челична купола на морското дно врз изворот на нафта. Поради ниските температури, малку над точката на мрзнење, гасот и водата формираа ледени кристали во цевките за испумпување и го оневозможија контролираното истекување на нафтата. Претстои обид со помало челично ѕвоно. Ако и тој не успее, тогаш може да дојде до таканаречен „џанк шот“, односно изворот на морското дно да се затвори со бетон и иситнета гума и пластика. Но, ако овој процес биде безуспешен, на крајот би можел изворот да стане поголем.

Автор: АТ/ЕМФ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска