1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нафтата за Косово ќе оди со железница

Македонската нафта за Косово ќе тргне по железничката пруга Скопје –Приштина,бидејќи Србија со денови го комплицира македонскиот извоз во покраината,барајќи специјални дозволи за транспорт.

Во Скопје се бара привремено решение

Во Скопје се бара привремено решение

Со овој потег властите во Скопје ќе се обидат да го решат проблемот што настана пред неколку дена,кога граничниот премин кон Косово,Блаце,беше затворен поради одрон кај Качаничката клисура.Извозот тргна преку Табановце,но српската царина врати 50 цистерни на Окта бидејќи немале транзитни дозволи.Владиниот портпарол Сашо Чолаковски за Дојче Веле рече:

-Република Македонија уште од утринава ургентно ги разгледува сите варијанти околу блокадата на граничниот премин Табановце на цистерните на Окта,она што ни се наметнуваше како најсериозна варијанта во текот на денот е да се овозможи железнички транспорт на овие цистерни по пругата Скопје Приштина.Тоа е варијантата која до вечер треба да се операционализира.Од македонска страна имаме потребна инфраструктура за да се оствари овој транспорт,има некои проблеми на косовска страна околу истоварот на тој товар,но ние како држава треба да го овозможиме тоа,тоа се покажа како најоптимална привремена варијанта додека не се расчисти граничниот премин Блаце.

Министерството за надворешни работи вчера упати официјална нота до Српското министерство за надворешни работи.

-Им укажавме на регулативата според која се одвива трговијата меѓу Македонија и Косово.Нашиот претставник во амбасадата на Македонија во Белград вчера разговараше со српската царина,но одговорот бил оти чекаат инструкции од нивните власти,рекоа во Министерството за надворешни работи.

Чолаковски не потврдува но Дојче Веле од извори во царината дознава дека владата сериозно ја разгледувала и опцијата со реципроцитет да возврати на српската блокада.Тоа би значело дека и Македонија ќе ја спушти рампата за српските стоки кои транзитираат низ Македонија.

Одлуката за тоа сега е во доменот на политиката,ние во царината можеме да кажеме дека штетите за Македонија се големи,ни изјави висок царински функционер.

Најпогодено од српската блокада е сепак Косово.Вториот човек на УНМИК Лари Росин денеска итно допатува во Скопје да ги извести македонските власти дека на покраината и се заканува енергетска криза ако остане без нафтата од Окта.Македонија и со Србија и со Црна Гора тргува без царини со исклучок на неколку стоки.И со Белград и со Приштина има посебни договори за слободна трговија.Косово е најзначајниот извозен макеоднски пазар.Србија и Црна Гора е втора на листата на трговски партнери.Економско трговските односи се главно коректни,со исклучок на некои вакви инциденти.Последниот економско трговски спор со Белград се случи минатоот лето кога поради случајот Јован без Јато-овите авиони остана макеоднскиот авиопревозник МАТ.