1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Научни факти или политика?

Првата Македонска енциклопедија предизвика ерупција од незадоволство кај повеќе страни, споменати во одделни нејзини делови. За разлика од нив, Македонија ретко кога реагирала за енциклопедиите на соседните држави.

default

Политички памфлет и тенденциозен документ, со кој Македонците си ги лечат комплексите, документ излезен од времето на студената војна, бесрамна навреда. Ова се само мал дел од оценките и навредите што изминатава недела јавно или преку соопштенија беа упатени кон МАНУ. Тие одеа заедно со барањето за корегирање или повлекување на спорните одредници од енциклопедијата, што се однесувааат на Албанците и делот во кој се вели дека припадници на ОНА биле тренирани од САД и Велика Британија во конфликтот во 2001 година - двата најспорни делови во ова лексикографско првенче на МАНУ.

Оттаму пристигна признание за одредени неточности и само штура најава за дообјаснување или мало поправање на спорните одредници. Не се покажува подготвеност за повлекување на капиталното дело.

Уредникот на Енциклопедијата, академик Блаже Ристески, вели дека воопшто не размислува за повлекување на делото на кое се работело повеќе од четири години. Тој вели дека се можни мали допрецизирања, но и натаму смета дека Албанците се објективно пртикажани во делото.

Истиот став го брани и авторот на најспорната одредница за Албанците, историчарот Ѓорѓи Малковски, кој вели дека тоа што го кажал се темели на научни факти. „Јас во мојот дел немам што да изменам“, вели Малковски.

Квази-научен проект со политичка заднина

Mazedonien Land und Leute Enzyklopädie Buch

Првата Македонска енциклопедија ги разгоре етничките страсти во Македонија

Спротивното го смета професорот по историја Владо Поповски, кој истакнува дека енциклопедијата има многу неточности, па дури и тенденциозност, поради што треба да се повлече делот што се однесува на Албанците.

„Се покажува навистина едно неприфатливо ниво, со кое е нанесена голема штета што се надевам дека ќе биде надмината со коригирање на сите одредници што се однесуваат на Албанците и на тие делови каде има пропусти, кои на места се скандалозни“, вели Поповски.

Академик Али Алиу смета дека енциклопедијата не е објективен, туку квази-научен проект со политичка заднина Енцикопедија се пишува да и` се помогне на државата, а со оваа ние и нанесовме само голема штета, вели Алиу.

На енциклопедијата реагираа и амбасадите на САД и Велика Британија, за делот во кој се тврди дека инструктори на САС и на САД им помагале на припадниците на ОНА во Арачиново. Авторот на овие одредници, професорката Тања Петрушевска вели дека содржината ја презела од интернет-страницата Викпедија, која таму, без исправки на одредниците, стои со години Таа наведува дека веќе нема да учествува во работата врз Енциклопедијата.

А што пишува во енциклопедиите на соседите?

Mazedonische Akademie für Wissenschaft und Kunst

Албанците бараат од МАНУ повлекување, а не шминкање на Енциклопедијата

Досега немало документ или вакво лексикографско дело, што предизвикало толку силна реакција на Балканот, иако и во други вакви капитални дела кај соседите имало и има, случајни или намерни непрецизности, какви што беа забележени во првата едиција на Македонската енциклопедија, наведуваат дел од историчарите во Македонија, кои не сакаат јавно да зборуваат од разбирливи причини, пред се` поради мешањето на политиката во историските факти. Но, велат тие, од македонска страна не е реагирано на нивните енциклопедии, или, пак, ако имало реакција, таа била соодветна, цивилизациска, а не навредлива, заканувачка или омаловажувачка. Како пример тие ги наведуваат неточностите во енциклопедиите на соседна Бугарија или Албанија во деловите што се однесуваат на Македонија и македонскиот народ, но никој од Македонија не реагирал кај нивните издавачи за неточностите, како што нивните амбасади или влади реагираа на македонската.

Работите веќе излегуваат од контрола, откако владиниот партнер ДУИ побара оставка од Ристески и повлекување на Енциклопедијата, а не нејзино шминкање. Најдалеку, се чини, отиде поранешниот албански премиер Пандели Мајко кој во телевизиска емисија во Албанија побара Албанците во Македонија да го запалат македонското знаме среде Скопје.

Смирувачки тон се обиде да упати вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски, кој оцени дека Македонската енциклопедија е резултат на научна и академска расправа. „Сметам дека дебатата за целиот тој проект би требало да се насочи во научните и академските кругови“, рече Наумовски, одговарајќи на новинарско прашање дали актуелните случувања околу ова капитално дело на МАНУ може да влијаат врз најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM