1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Научник - професија на соништата во Германија

Патот да се работи како професор во Германија е многу долг, стрмен и несигурен. Па сепак, младите луѓе сакаат да работат во научната бранша и за тоа плаќаат висока цена. Една од нив е Кристина Вајсенбах.

Autor Aleksandr Kurganov Portfolio ansehen Bildnummer 12414862 Land Russische Föderation Repräsentative Kategorie Gegenstände Druckprodukte Buch Konzeptionelle Kategorie Lebensstil Erziehung Abschluss Keywords abzug alt auge ausbilden ausbildung auskunft bibliothek blatt brille business bücher closeup daten datenspeicher deckung dokument einstudieren forschung gesetz grunge hintergrund intelligenz isoliert jahrgang knowledge konzept kultur leere lernen lesen licht literacy literatur papier pen romans schriften schule stapel stil story strategie studieren system text universität weiß wissenschaft wörterbuch öffnen

Книгите и и стражувањето се омилени кај младите Германци

За 30 годишната девојка едно е сигурно, таа сака за секогаш да истражува. Кристина студиите по политички науки ги завршила во Минхен, сега чека на резултатите од нејзината докторска работа. Меѓутоа, патот до таму е долг. Кристина разговара со секретарката на универзитетот за терминот кога ќе бидат усмените испити и за евентуалните промени.

Во секретаријатот Кристина го планира текот на нејзината недела. 30 годишната, млад научник по политички науки работи на катедрата за политички науки на универзитетот Дуизбург-Есен. По завршувањето на магистарските студии таа се одлучи за кариера во научната област. Нејзината докторска работа Кристина ја предаде пред неколку недели. На пролет очекува да ги добие резултатите. Нејзината цел е еден ден да стане професорка. „Поттикот е во тоа што може да се работи на тема, која навистина те интересира. Голем број политички научници одат во менаџмент браншата или, пак, работат во некоја служба за односи со јавноста. Можеби тоа се одлични работни места, но таму не се обработува тематиката детално, како што тоа се прави, доколку се остане во истражувачката бранша. Доколку некој сака работата навистина да го исполни, тогаш овде тоа е многу веројатно“, вели Кристина.

Токму слободата, самите да обработуваат соодветни теми ги мами и поттикнува голем број научници

Porträt der Politikwissenschaftlerin Kristina Weissenbach. Foto: Kristina Weissenbach

Кристина Вајсенбах

Така на пример, Кристина Вајсенбах, за нејзината докторска работа, нејзиниот личен интерес за Африка. можеше да го преточи во својот доткорат. Имено, таа го истражуваше ангажманот на политичките фондации во Кенија и Јужна Африка и мораше лично да отпатува во овие земји и да истражува на лице место. Толку голема разновидност нудат само малку работни места, вели Висенбах: “Човек е како мал детектив, кој најпрво ги истражува трагите во литературата или, пак, во примарните документи. И што е најважно, тоа е интересно. Потоа, целата работа да се тестира во таа област, го прави истражувањето уште поинтересно.“

Но истражувањето во Гермнаија, како и во многу други земји, е само еден мал дел од научната работа. На тоа се надоврзува работата со студентите, која Кристина многу ја цени. На предавањата студентите ги запознаваат научните методи и со нив истражуваат како се организираат партиите во малцинските влади. „За мене е многу важно моето истражување да го транспортирам во наставата. Не сакам да предавам само од учебниците, туку сакам студентите навистина да забележат дека постои некоја поврзаност.“

За да може да ја работи работата на соништата Кристина Вајсенбах мораше многу да се жртвува

За нејзината работа како научен соработник таа две години патуваше меѓу Дуизбург и Минхен. Тоа се повеќе од 600 километри во еден правец. Освен тоа, мораше да живее во неизвеснот, бидејќи имаше ограничен договор за работа на универзитетот. Меѓутоа, во Германија ова е толку вообичаено и голем проблем за многу млади научници. Освен тоа, тие имаат релативно ниска месечна плата за тоа што го работат. „Сигурно, не се заработува толку малку на оваа позиција во стопанството. За тоа за многумина ова е важен одлучувачки критериум. Па сепак, сметам дека радоста и задоволството во истражувањето овде преовладува.“

Titel: Programmable cell Wer hat das Bild gemacht/Fotograf?: Nottingham University Wann wurde das Bild gemacht?: 2011 Wo wurde das Bild aufgenommen?: Nottingham Bildbeschreibung: Researchers at the Centre for Biomolecular Sciences at Nottingham University have teamed up with computer scientists to create a programmable cell

Работата ги исполнува младите луѓе

Кристина Вајсенбах работи веќе шест години на универзитетот. Кога ќе докторира, таа ќе се обиде да ги објави нејзините сознанија од истражувањата на некои конференции и во стручните списанија. Колку повеќе има објавено научни трудови во јавноста, толку поголеми се шансите да се стекне со титулата професор. Со докторската работа Кристина успешно совлада едан пречка. Потоа, по правило следи уште хабилитацијата, што значи уште една подетална научна работа, која во Германија е задолжителна за некој кој сака да се стекне со титулата професор. Додека да се заврши овој научен труд повеќето научници имаат веќе по 40 години. Но, Кристина Вајсенбах нејзината цел ја гледа цврсто пред очи: “Не сум блиску до мојата цел, бидејќи се’ уште не сум се пријавила за таа титула. Тоа за мене е се’ уште далеку. Но, исто така не е сон што е сосема погрешен и неостварлив. Мислам дека тој се наоѓа некаде на средина во овој тек на работите,“ вели Кристина Вајсенбах.