1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО ќе раководи со воената операција во Либија

НАТО за неколку денa треба да ја преземе командата на операцијата во Либија. Алијансатa ќе биде исклучиво задолжена за надгледување на спроведувањето на зоната за забранети летови над Либија.

default

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја објави согласноста

Европските партнери во НАТО конечно реагираа на, повеќе или помалку, силниот притисок од Вашингтон, по шестиот ден перманентни разговори за операцијата во Либија. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во телефонски разговор со нејзините колеги по функција од Турција, Франција и Велика Британија јасно ставила до знаење дека САД сакаат да се повлечат од одговорноста и оти европските сојузници треба да постигнат согласност. Паралелно со разговорите во НАТО, ситуацијата во Либија ја разгледуваа и шефовите на држави или на влади на земјите членки на Европската Унија на самитот во Брисел.

Libyen Krieg Gaddafi NATO

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу - Турција досега блокираше ангажман на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен доцна вечерта објави дека е постигната принципиелна согласност Алијансата да ја преземе задачата за надгледување на зоната за забранети летови во Либија:

„НАТО-сојузниците одлучија да ја спроведуваат зоната за забранети летови над Либија. Ние дејствуваме како дел од меѓународните напори да се заштитат цивилите од нападите на режимот на Гадафи. Сите НАТО-партнери се обврзаа да се придржуваат кон одредбите на резолуцијата на ОН за Либија. Затоа ние одлучивме да ја преземеме одговорноста за зоната за забранети летови.“

Проширување на одговорноста на НАТО?

Расмусен уште додаде дека независно од НАТО, западните сојузници би можеле и натаму да изведуваат воени напади во Либија, доколку сметаат дека се неопходни. Во наредните денови ќе се разговара и за тоа дали треба да се прошири одговорноста на НАТО.

Притоа, францускиот претседател Никола Саркози на самитот во Брисел опстоја на ставот дека воената акција во Либија е успешна и политички треба да биде водена од меѓународната коалиција, а не од НАТО. Турција го блокираше ангажманот на НАТО, зашто се противи на напади врз копнените сили на либискиот властодржец Гадафи. Премиерот Реџеп Таип Ердоган изјави дека од нападите на западните сојузници ќе има повеќе штета отколку полза. Тие би можеле да завршат со окупација, порача Ердоган.

Автор: Бернд Ригерт / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM