1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО ќе го крати салото

НАТО мора да излезе на крај со намалените финансиски средства и да се справи со новите услови за работа. Повод за состанок во Брисел на тема - улогата на НАТО.

default

Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен сака вкупните мерки на штедење да ги искористи за поголема реконструкција. Потребно е намалување на бирократијата, но не на штета на ефикасноста. Отстранување на салото и јакнење на мускулите, гласи неговото мото. Но, дел од сојузниците, смета Расмусен, дозволуваат засекување и во мускулната маса:

„Членството во НАТО не е бесплатно. Пред се`, европските членки мора да одолеат на обидот да ја користат екониомската криза како изговор. Трансатлантската дупка во одбранбените издатоци не смее да се зголемува. Веќе сега, САД по војник плаќаат повеќе, отколку мнозинството Европејци. А само пет од земјите-членки на НАТО се придржуваат на договорот да одделуваат најмалку два проценти од бруто домашниот производ за одбрана: Албанија, Франција, Грција, Велика Британија и САД.“

Многу нешта остануваат недоречени

Но, голем потенцијал на заштеда Расмусен гледа во стратешко партнерство меѓу НАТО и ЕУ. Мнозинството ЕУ-членки се истовремено и членки на НАТО, а постојат големи поклопувања во мисиите. Но, при редовните заеднички состаноци многу теми остануваат недоречени од различни причини, се жали Расмусен:

„Сите овие луѓе се на маса и речиси е непријатно што не можеме да разговараме за Авганистан, борбата против пиратите, Косово или други важни теми. За мене тоа е фрустрирачки.“

No Flash Anders Fogh Rasmussen

Андерс Фог Расмусен

Расмусен: Никој нема намера да ја нападне Русија

Расмусен на почетокот на својот мандат се заложи за ново партнерство со Русија, зашто двете страни се изложени на истите опасности. Рускиот амбасадор во НАТО Дмитри Рогозин, меѓутоа, смета дека не постои реализација на идејата:

„Се поставува прашањето: ако сме спознале дека сме загрозени од исти опасности, зошто не се согласуваме околу заеднички одговор: Ако Русија е партнер и сојузник во борбата против оваа закана, зошто за тоа не разговараме во советот НАТО-Русија, наместо за тоа да дискутираат само членките на НАТО?“

Расмусен не одговори директно на ова прашање. Тој напротив го актуелизираше рускиот страв дека Алијансата претставува закана за Русија.

„Се надевам дека Русија забележува дека заканата не и` доаѓа од Запад. Немаме никаква намера да ја нападнеме Русија. Очекувам дека и Русија нема цел да изврши напад врз нас.“

За Расмусен излезот е заедничката соработка, од стратешки причини, а во моментов и заради заштеда.

Автор: Кристоф Хаселбах / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска