1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО ја презеде командата врз акцијата во Либија

Северноатлантската воена Алијанса од денеска и официјално ја презеде контролата врз спроведувањето надзор на зоната на забрана за летови над Либија и воведе за државата ембарго на увоз на оружје по морски пат

default

Авионите на НАТО ќе го контролираат воздушниот простор над Либија

Канадскиот генерал задолжен за тие операции Шарл Бушар уште соопшти дека нивна цел на операцијата е затворање на либискиот простор за сите летови, освен хуманитарни.

Krieg in Libyen Flash-Galerie

Бунтовниците во Либија напредуваат

„Со партнерите кои се членки на НАТО, Алијансата ќе стори се’ што може за да
се спречи употребата на воздухопловните сили и тоа ќе го направи внимателно
во спречувањето на убивање на населението во Либија. Нашата задача е да го
затвориме либискиот воздушен простор за сите летови освен за спасувачките и
хуманитарните“, дополнил канадскиот генерал.

Либиските бунтовници, кои викендов започнаа голема контраофанзива, утрово соопштија дека го освоиле родниот град на Моамер Гадафи, Сирте. Засега нема независна потврда на оваа информација.

Автор:БГ/ЕМФ/афп/миа

Редактор: Симе Недевски



DW.COM