1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО ја предупредува Украина

Генералниот секретар на воената алијанса го предупреди украинското раководство дека доколку ја изведат армијата на улиците сериозно ќе ги нарушат односите со НАТО.

Ако армијата излезе против опозицијата, односите на Украина со НАТО сериозно ќе се нарушат, го предупреди вчера раководството на Украина генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Расмусен упати повик кон украинската влада да се воздржи од натамошни насилства.

„Доколку армијата интервенира против опозицијата, односите меѓу Украина и НАТО ќе бидат сериозни загрозени. Итно ја повикувам украинската влада да избегне секакво ново насилство“, порача Расмусен.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович вчера го смени шефот на вооружените сили во земјата. Одлуката беше објавена со претседателски указ, откако министерот за одбрана рече дека армијата би можела да земе учество во антитерористички операции ширум земјата.

Украинската служба за безбедност најави спроведување „антитерористичка акција“ во земјата за воспоставување ред, наведувајќи дека демонстрантите досега одзеле повеќе од 1.500 парчиња огнено оружје.

САД воведоа санкции против дваесет високи функционери во владата на Украина, коишто, според Вашингтон, се виновни за ескалацијата на насилствата и прекршувањето на човековите права во земјата. Како што објави во средата ноќта на брифинг со новинарите висок претставник на американскиот Стејт департмент за овие лица ќе биде забранет влезот на американска територија и ќе биде забрането издавање визи за нивно патување во САД.