НАТО ја поддржува независноста на Косово | Вести | DW | 28.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

НАТО ја поддржува независноста на Косово

НАТО ја поддржува независноста на Косово, како што е предвидена според планот на ОН. Сите земји членки го поддржаа предлогот, кој Србија го одбива, изјави генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер по специјалната седница посветена на Косово. По средба во Брисел американскиот државен потсекретар Николас Барнс изјави дека очекува тежок процес во СБ, но оти верува дека ќе биде пронајдено решение до почетокот на мај. Барнс додаде дека нема шанси Косово да биде преседан за други случаи во Европа, Кавказ или во централна Азија.