1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО ја запре обуката на авганистанските безбедносни сили

По големиот број напади извршени од Авганистанци во униформа врз припадниците на ИСАФ, НАТО ја запре обуката на регрути на авганистанската армија и полиција.

Обуката запира за временски период од еден до два месеца. Ангажманот на веќе обучените авганистански бебзбeдносни сили и регрутацијата на натамошни војници и полицајци продолжува како и досега.

Мерката останува во сила се‘ додека сите лица што се пријавиле за обука не бидат проверени, односно додека не се види дали тие се можеби поврзани со радикални бунтовници, изјави портпарол на меѓународните заштитни сили ИСАФ во Кабул. На тој начин треба да се намали опасноста од напади „одвнатре“. Од одлуката се погодени околу илјада припадници на авганистанските безбедносни сили кои се на обука.

Висок претставник на американската армија за весникот „Вашингтон пост“ изјави дека механизмите за проверка се „многу добри“, но не ги зафаќаат сите случаи, па мора да бидат подобрени.

Нападите извршени од лица во униформи на авганистанската армија и полиција врз странските војници се зголемија значително. Во средата (29.08) беа убиени тројца Австралијци на југот од Авганистан. Од почетокот на годината, според наводи на НАТО, на овој начин загинале 45-мина припадници на ИСАФ.

Во моментов, НАТО има 13.000 војници во Авганистан. Најголемиот дел од нив треба да биде повлечен од земјата до крајот на 2014 година. За безбедноста во земјата потоа надлежни треба да бидат домашните безбедносни сили.