1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

НАТО со многу задачи во 2008 година

Алијансата треба да реши околу проширувањето, во Авганистан е на проба, а ескалација во Пакистан би можела да има посебни последици. НАТО е со намера и на Косово да се погрижи за мир.

default

Во седиштето на НАТО во Брисел ќе се одвива жива дипломатска активност

За американскиот претседател Џорџ Буш, оваа година ќе биде проштална. На самитот на НАТО во почетокот на април во Букурешт се уште ќе биде на функцијата, но за последен пат. Генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер вели:

„Лидерите на 26 држави ги очекуваат важни решенија. На пример, треба да разговараат за новото проширување„.

Букурешт беше предвиден како самит за проширување, сега веќе не е сигурно. Македонија, Хрватска и Албанија се кандидати, но алијансата се уште не им даде сигнал дека се подготвени. Седиштето на НАТО во Брисел во наредните недели ќе биде во фокусот на дипломатски активности. САД вршат притисок трите земји да ги исполнат условите. Се чини најнапред е Хрватска. Против Албанија зборуваат некои факти, а и Москва би можела нејзиниот прием да го посматра како нов фронт во рамките на недоразбирањата околу Косово. Џорџ Буш би сакал и на Грузија и Украина барем среднорочно, да им даде конкретни перспективи за членство, меѓутоа на тој план резревите во сојузот станаа поголеми. И тоа има врска со близината на Москва: односите меѓу НАТО и Русија ионака се оптоварени, посебно по неодамнешното руско суспендирање на договорот за конвенционално разоружување. Само големината не значи и моќ. НАТО во Авганистан води меѓународни трупи од околу 41 илјада луѓе, главно од земјите на алијансата. Меѓутоа, земјата и натаму е несигурна, па останува воен предизвик, но Авганистан и во 2008 ќе биде политичка проба. САД не престануваат од другите да бараат повеќе трупи, со прст се покажува и на Германија, иако Бундесверот таму веќе има околу 3 илјади луѓе. Но, што ќе значи за Авганистан евентуалното заострување на ситуацијата во Пакистан? Преку оваа земја сега се одвива дел од снабдувањето на НАТО. Повеќе трупи за Авганистан? Тоа го одбиваат повеќето партнери со аргумент дека се преоптоварени. Во 2008 тоа посебно важи за Косово:

„На Косово има вкупно 2 илјади и 800 германски војници„,вели министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. НАТО кој го предводи КФОР со околу 16 ипол илјади војници е со намера да се погрижи за мирот до колку во покраината дојде до ескалација. Се повеќе алијансата се дефинира како светска полиција. На НАТО му се потребни успеси за да биде убедлив. Пред се за неговиот 60-сетти роденден во 2009 година.